Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЖАН МИТРЕВ

339911122_989005895597205_272825094586958482_n

(ВИДЕО) Членови на семејствата со транспаренти го пречекаа Жан Митрев пред Кривичен суд

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого утрово во Кривичниот суд беше закажан нов почеток на судскиот процес против него и против неговата клиника за кривично дело „измама“.Како што објави телевија „Алсат“, членовите на семејствата носеле транспаренти на кои пишува „Нашиот роднина не умре од Ковид, туку од пропустите на Жан Митрев“, „Хемофилтрацијата ги удави нашите роднини, бараме одговорност“, „Профит на сметка на заразените со Ковид-19“.До медиумите веднаш стигна соопштение од клиниката „Жан Митрев“ со реакција дека против лекарот и неговата клиника се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение.„Денешното рочиште и условите во кои се обвива покажува дека против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение. Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината.Ако процесот против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумцијата на невиност и зошто се води организирана хајка.Презумцијата на невиност како во секој случај но посебно во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката, што извршува општо-корисна функција за граѓаните и грижа за нивното здравје треба да биде сериозно и бескомпромисно почитувана.Досега се покажа дека обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.И покрај сето тоа Клиника Жан Митрев и д-р Митрев, ја продолжуваат својата борба за правдата и за докажување невиност во овој инструиран процес и паралелно под целиот притисок продолжуваат да работат со своите пациенти, лекувањето и исполнување на својата хумана мисија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

zan-mitrev-klinika

Клиника Жан Митрев: Еден ден пред да отпочне судскиот процес донесено е решение да престанеме да работиме!

Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.„Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес.Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање.Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев.Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“ Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев“, стои во соопштението од болницата..

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev-klinika

Клиниката Жан Митрев ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават.„Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас.Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија.Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-09-214031

Жан Митрев: Сакаат да ме ликвидираат, во вистинска смисла на зборот

Доктор Жан Митрев во денешното гостување на Тв Телма изјави дека ова било планирано сценарио против него и истото се изведува до ден денес.„Јас само ги изложувам фактите, тоа цела јавност го знае. Тоа сите го знаат. Има органи кои сето тоа треба да го следат, кои треба да го истражуват и кои треба да го докажуват. Јас сум жртва во сето ова, планирано, со сценарио и се изведува до ден денес“, вели Жан Митрев.„Значи да субилимираме сметате дека еден од мотивите за тоа е дека можеби сте почнале преговори за продажба на удел од болницата, дали 51% или нешто, што можеби некого загрозува и дека на овој начин се обезвреднува болницата за да ви ја купат по поевтина цена доколку се уште ја продавате“, изјави водителката Снежана Лупевска Созен, на што Жан Митрев додаде:„Или да ме ликвидираат во вистинска смисла на зборот за да таа болница после може некој да ја преземе. Многу е јасно дека ако Жан Митрев не постои како личност дека и таа болница треба некој да ја преземе бидејќи таа има и свои кредити и свои начини на функционирање. Така да, зошто беше тој атак лично на мене. Како можеше јас 23 години да работам во оваа Македонија се изменија не знам колку влади и колку министри и колку чуда. Како можеше, никогаш не сум бил љубимец на медиумите, секогаш сум бил на некоја линија кај што сум бил напаѓан и тоа е океј, меѓутоа како можеше ниедна до сега пријава од пациентили било каква кривична пријава или било што до сега да биде проблем Жан Митрев и од еднаш, како гром од ведро небо јас се претворив во личност број еден, најцрна личност на годината или како и да ме избраа. На илјадници и илјадници пациенти буквално спасени, на илјадници пациенти оперирани ...“.

Македонија | пред 3 години

zan-Mitrev

Новинарка која го работеше документарецот за Жан Митрев: Потребна е итна и темелна хемофилтрација на 'новинарите'

Една од новинарките која работеше на истражувањето за болницата Жан Митрев објави статус на социјалните мрежи, по завршувањето на гостувањето на докторот Жан Митрев кај Снежана Лупевска Созен на Телма.„Потребна е итна и темелна хемофилтрација на медиумите и новинарите. Или уште поточно на 'новинарите'“, стои во објавата на Маја Јовановска.Објавата ја сподели и Сашка Цветковска која е уредничка на ИРЛ каде беше објавен документарецот.

Коментари | пред 3 години

naser-raufi

Рауфи го праша Жан Митрев: Зарем има поевтина болница од онаа купена за џабе?

Доктор Жан Митрев во денешното гостување на тв Телма ијави дека тој бил жртва на планирано сценарио и дека никого не измамил.„Јас сум жртва, планирано со сценарио до ден денес. Никого не сум измамил. Од почетокот до денес работам искрено. Направив врвна болница, се задолжив многу и нема факт и аргумент дека некој сум сакалда измамам“, изјави Жан Митрев во Топ Тема.На оваа негова изјава реагираше адвокатот Насер Рауфи.„Жан Митрев ја даде својата одбрана пред Телма:... да сакав да измамам некого ќе купев поевтина болница! Зарем има поевтино од џабе?

Коментари | пред 3 години

6AEF3F62-2E2B-4C8C-BA7A-7233C9C391C8

“Жан Митрев” одговори на сите обвинувања за “експериментирања” и заболувања со интерхоспитални бактерии

Клиничката болница Жан Митрев Скопје објави соопштение, за како што велат “досегашните напади и обвинувања со кои се соочуваме овие денови”.Ви го пренесуваме во целост:Во Клиничката болница Жан Митрев Скопје не се вршени клинички испитувања, а објавената публикација не е и не може да претставува клиничко испитување. Всушност, станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување.Клиничко испитување на медицинските средства претставува откривање, односно потврдување на безбедноста на медицинските средства, нивната корисност и усогласеност со општите и посебните услови во согласност со намената дефинирана од страна на прозиводителот, а спонзорот на клиничкото испитување или неговиот овластен претставник е должен да го пријави клиничкото испитување во Малмед. Во овој контекст, Клиничка болница Жан Митрев Скопје ниту вршела проверка на безбедноста на медицинското средство за хемофилтрација (бидејќи тоа е обврска на производителот на медицинското средство), ниту пак е спонзор или овластен претставник за да може да пријавува, да бара или добива дозволи за вршење на клинички испитувања.Употребата на медицинското средство за хемофилтрација е начин на лекување, а секоја употреба на медицинско средство не е и не може да претставува клиничко испитување.Пред се, ние лекувавме пациенти од последиците предизвикани од КОВИД-19 вирусот со сите дозволени ресурси, меѓудругото и со помош на хемофилтрација -метода која е меѓународно сертифицирана.За употребата на ова медицинско средство (филтри), Клиничката болница Жан Митрев Скопје има соодветни дозволи и одобренија од страна на надлежните органи, кои ги набавила како купувач согласно склучен договор за купопродажба, и ги употребувала како купувач – за лекување, а не како спонзор.Според договорот за купопродажба на медицинското средство, Клиничката болница Жан Митрев Скопје не е определена како истражувачки центар, за што е потребно да има посебен договор со продавачот за клиничко испитување согласно соодветниот Правилник од Министерството за здравство, ниту пак е овластен подносител на пријава за клиничко испитување согласно законските прописи.Од продавачот на медицинското средство (апаратот) на Клиничката болница Жан Митрев Скопје му е предадено и Решение со кое се дозволува продажба и користење на тоа средство, што подразбира дека продавачот/производителот обезбедил соодветен документ за сообразност.Оттаму, Клиничката болница Жан Митрев Скопје како и другите здравствени установи кои купиле и користат вакво средство не се надлежни да вршат било какво испитување на ова средство чија употреба претходно веќе ја одобрил надлежен државен орган.Потенцираме дека податоците извадени од веб-страници во други дражви и други здравствени системи не се предвидени како доказ дека се врши клиничко испитување според прописите за клиничко испитување во РСМ. Без оглед на тоа како некој сака да ги толкува нашите објавени стручни трудови и споделени искуства од лекување, тоа не претставува системско клиничко испитување.Во однос на интрахоспиталните инфекции (ИХИ), појаснуваме дека Клиничка болница Жан Митрев Скопје, ги исполнува сите пропишани обврски за заштита на населението од заразни болести во однос на ИХИ односно: има донесена Одлука за именување на членови на Kомисија за интерхоспитални инфекции, има донесено Програма за контрола и превенција на ИХИ за 2021 до 2023 година, има изготвени Критерими за иницирање на истрага на ИХИ, врши контрола на хигиената, има изготвен План за контрола на ИХИ, Методологии за надгледување на ИХИ, систем за надзор на ИХИ, и ги поседува сите други пропишани поединечни акти според прописите за заштита на населението од заразни болести.Клиничка болница Жан Митрев Скопје веќе 22 години работи согласно законите и прописите на оваа држава и така и ќе продолжи.Затоа сме згрозени од ваквиот исцениран јавен напад, со кој се злоупотребува трагедијата на одредени семејства, креирајќи комплетно искривен приказ на КОВИД19 третманот на пациентите, медицинскиот пристап и институциите кои згрижувале тешко болни пациенти во време на пандемија.Напоменуваме дека, во нашата здравствена установа се лекувани голем број на пациенти од КОВИД-19, а само кај дел од нив е користена хемофилтрација, по оцена на одговорните лекари за секој конкретен случај одделно. На пациентите кај кои не е вршена хемофилтрација им се вратени претходно авансираните парични средства за хемофилтрација, за што постои уредна книговодствена документација. Навистина не ни е јасно зошто не се пишува за сите оние успешно излекувани пациенти од КОВИД – 19 кои биле примени со најтешка клиничка слика, а токму поради лекувањето со хемофилтрација нивните животи биле спасени.Продолжуваме крајно професионално и одговорно да ја извршуваме здравствената дејност во интерес на нашите пациенти. Ги охрабруваме сите инспекциски органи, како и многупати досега да ги извршат сите потребни контроли и надзори, на кои ќе им биде доставена целокупната документација со која располагаме, со цел надлежните стручни органи да ги побијат сите невистини и небулози кои беа изнесени во јавноста”, велат од ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје.

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev

Скандалот "Жан Митрев" да не се замолчи како другите трагедии, вели Татеши

Јавноста во Северна Македонија деновиве е преоптоварено, но сторијата на ИРЛ за злоупотребите и профитерите од пандемијата го шокираше и го изненади секој граѓанин. Додека најголемиот број на здравствените работници го дадоа својот максимум при третманот на пациентите со КОВИД, ризикувајќи го своето и здравјето на членовите на нивните семејства, моќниците и недопирливите профитираа на сметка на нив и на населението која се наоѓа на работ на екстремната сиромаштија и според авторите на документарецот, злоупотребувале болни за експерименти кои не поминале низ филтрите на институциите и не обезбедиле соодветни дозволи, вели Беким Татеши - Сектор за Здравство при АА„Алијанса за Албанците ги поздравува истражувачките новинари на ИРЛ и им честита за нивната храброст и професионалност, што дава надеж дека оваа гранка на новинарството во Северна Македонија е жива и ќе поттикне процесирање на многу слични случаи и во други области.Кога сите очекувавме дека владата и надлежните институции жестоко ќе реагираат и ќе ги расчистат сомнежите на многу членови на семејствата за тоа што навистина се случило во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, на жалост се случи она што го видовме и слушнавме од биномот СДСМ-ДУИ и нивните сателити, молк и без партиска реакција, како и формирање на комисии и работни групи, што ни дава за право да констатираме дека и овој скандал ќе ја доживее судбината на скандалот со модуларната болница во Тетово, скандалот со вакцините, скандалот околу автобуските трагедии во Бугарија и Ласкарце и многу, многу други. Разочарувачки беа анемичните и конфузните ставови на министерот за здравство на последниот прес, од кој беа изненадени и шокирани здравствените работници, преживеаните пациенти и нивните семејства со обидот да се релативизира одговорноста на обвинетите.Прашуваме:- Јавното обвинителство: до кога ќе чекаме за процесирање и расветлување на овој скандал?- Владите Заев 1 и 2: врз основа на кои параметри дадовте дозвола Северна Македонија да се најде во групата на 10 земји каде Ковидот може да се лекува и во приватните болници знаејќи ја финансиската моќ на населението?- Да се ​​произнесат и одговорат екс министерот Филипче и неговиот заменик Хасани, во име на СДСМ и ДУИ, кој дал дозвола за примена на хемофилтрација како метод за лекување на Ковид и зошто не се применувала истата во државните болници и кој ја формирал астрономската цена на овој метод.Алијансата за Албанците предлага:- Во Собранието на Северна Македонија да се изготви и да се изгласа закон за профитерство од разни катастрофи,- Ако веќе се формираат комисии, тогаш во нив треба да учествуваат специјалисти од областите и што поскоро да се изготват извештаји за третманот со оваа метода.- Сите инволвирани да излезат пред јавноста и да одговорат на сите прашања и дилеми пред оние кои ги гласале и финансирале, граѓаните и истите да се приведат за да не избегаат и за да не влијаат на сведоците,- Министерството за здравство треба да обезбеди средства и истите да им се вратат на членовите на семејствата кои се погодени во овој невиден скандал и- Јавното обвинителство да постапува врз основа на факти и обвинувања и да не се дозволи овој скандал да ја доживее судбината на другите скандали затоа што со „нечиста крв“ никогаш нема да ја постигнеме нашата интеграција во нормалниот свет“, додава тој

Македонија | пред 3 години

20220721213947

(ВИДЕО) Објавено уште едно сведоштво за случајот „Жан Митрев“

Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ) објави уште едно видео за случајот „Жан Митрев“.Се работи за сведоштво на жена од Велес, чиј сопруг бил опериран во клиниката.Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово.

Македонија | пред 3 години

20072022_VRSM_sednicaVlada-4

И во Влада се дискутирало за болницата „Жан Митрев“, познат бројот на контроли и инспекции

Според Информацијата, на 18јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).Министерството за здравство информираше дека нило побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022 год.Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти.На ден 19 јули 2022година Државниот санитарен и здравствен инспекторат го достави извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022год.според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот.На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје.Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања.

Македонија | пред 3 години

buhova

Бухова: Јас немам контакти со Жан Митрев, личноста што ја даде дезинформацијата нека ме побие со докази

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев. Овој став на директорката доаѓа откако Сашка Цветковска, новинарка и уредничка на ИРЛ, за ТВ21 посочи дека докторот Митрев однапред знаел што тие работеле, бидејчи пораките препраќани кај него.„И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку и многу долго пред тоа, немам никакви контакти со посочениот господин. Ја користам можноста и сега, личноста што ја даде дезинформацијата да ме побие со докази, односно нека ги даде доказите со кои располага во соодветните институции – одговори Бухова на прашањето за тоа „кој кодошел кај Жан Митрев“.Таа најави дека ќе го активира правниот тим, па побара и докази за овие тврдења.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-20-at-11.52.13

Сали за лекувањето во „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека се уште се утрдува дали се правеле експеримети во клиниката „Жан Митрев“ со клиничките испитувања и хемофилтрацијата. „Никој нема да биде над законот. Ова нема да биде заборавен случај, ќе го тераме до крај. Доколку се утврди одговорност, тоа ќе го има“, рече министерот Сали.-Ќе утврдиме, да не носиме одлуки кои ќе влечат „зошто вие сега враќате назад ситуации“? Ќе утврдиме во МАЛМЕД, но и ОЈО ќе собере изјави на граѓани. Ние не смееме да забрзуваме со истрагата. Доколку ИРЛ правеле истражување во две години, треба време ние да го потврдиме тоа. Во време на ковид, ниту една земја или здравствен систем, не може да каже дека ја користиме таа метода или тие лекови, врз основа на медицина базирана на докази, бидејќи нема искуство. Се што е ново, не е базирано на докази. Се што се правело е врз основа на искуство од други земји или институции како американското ЦДЦ, кои давале препораки како да се постапува со пациенти, потенцира Сали на прес-конференција.Експеримент е тежок збор. Зошто би штител некого, ако има одговорност, ќе има, додаде Сали.„За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници. Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти. Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните", рече Сали.

Македонија | пред 3 години

zgrada-nokje-1024x741-1

“Жан Митрев” затрупана со инспекции, се проверуваат лекувањата на пациентите и можните недоследности

Министерот за здравство Беким Сали се огласи по сторијата за клиниката „Жан Митрев“.„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија. Информациите ги примивме со загриженост и сакам да информирам што преземавме како министерство за здравство и останатите институции.Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите.Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден.Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“.Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-18-at-13.12.13

„Жан Митрев“: Згрозени сме од говорот на омраза кон болницата, ќе ги искористиме сите правни можности да се спречат вакви неосновани напади

Клиниката „Жан Митрев“ е згрозена од реакциите на јавноста. Во соопштението испратено до медиумите, клиниката за коментарите велат дека е говор на омраза упатен кон нив. За истражувачката документарна сторија на ИРЛ, посочуваат дека е „фабрикувана информација за креирање на лажна слика“. За нив, документарецот „Нечиста крв“ е неоснован напад на институцијата.Во него, нема конкретен демант на целата сторија.Соопштението во целост: 

Македонија | пред 3 години

adfasdfasdfasdf

Обвинителство за „Жан Митрев“ по „Нечиста крв“: Се проверуваат индициите за сторени кривични дела

Скопското Обвинителство покрена постапка по документарецот на ИРЛ насловен како „Нечиста крв“. Оттаму велат дека предметот е распределен кај обвинител, откако утврдиле дека има индиции за кривични дела.„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат од Обвинителството.Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев. Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев.Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања