Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗАТВОР

vasil-jovanov

Возачот Васил кој ја усмрти Фросина телефонот го набавил од притвореник, платен е надвор од затворот, пренесен е во опаковка со колачи

Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“. Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците. Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.Уште од првиот ден, кога Јованов влегол во притвор, почнал да бара телефон. Иако е јавна тајна дека уреди има низ повеќе ќелии, никој не се осмелил да му даде. Сепак, овој муабет стигнал до притвореник кој е во затворот повеќе од година. Тој се понудил да му обезбеди, но и да биде платен.Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“. Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи.Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари. „Скопје1“ поседува информации кој точно го платил уредот надвор од затворот, а засега ќе посочиме само дека станува збор за лице од блиското опкружување на Јованов. Останува отворено прашањето, како и кој го внел телефонот до затвореникот кој наплатил за да му го даде на Јованов.Според нашите информации, Јованов од телефонот исконтактирал со неговата девојка, како и со родителите. Разменил пораки и повици. Телефонирањето траеше кратко, бидејќи друг затвореник, го фотографираше, па почнал да се фали со фотографиите надвор од установата. За на крај, тие да завршат во јавност.„Скопје1“ побара потврда за овие информации од директорот на затворот, Бобан Утковски, кој рече дека во тек е истрага и дека засега не може да коментира и споделува информации. Утковски посочи дека штом се утврдат сите детали, тие сите информации ќе ги споделат со јавноста.Претходно, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов рече дека нема да биде брз процес откривањето кој и како го внел телефонот.Јованов од соба со уште пет лица е преместен во самица. Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено. Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Затвореник почина во „Идризово“

На 24.01.2025 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.Р.(76) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

IMG_0938

Затворот во Струга да биде само за жени - идејата е пак на маса

Министерот за правда Игор Филков беше во работна посета на КПД Струга кој е од отворен вид при што од страна на директорот на затворот, Ардит Мустафаи беше запознат со условите, капацитетите, човечките ресурси и можностите за ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица.,,Остваривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја зборуваме некое време, се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од сите партнери и ќе можеме набрзо да ја реализираме. Идејата за женски затвор значи комплетно женски, а затворениците од овде ќе бидат преместени во друг. Се договоривме да се изготви проект и тогаш ќе знаеме колку финансии ќе се потребни, рече Филков, посочувајќи дека во ниеден затвор во државата состојбите не се најдобри и не е вложувано со децении”, изјави министерот за правда Игор Филков.КПД Струга има капацитет за 60 лица, а во моментов 21 лице издржуваат затворска казна. Со оглед на тоа што станува збор за затвор од отворен вид, на осудените лица им е овозможено да бидат работно ангажирани. Идејата е да се пристапи кон изготвување на проект со цел да се утврдат финансиските импликации, затворот целосно да се пренамени за потребите на женската затвореничка популација. На овој начин се стремиме кон зголемување на безбедноста на затвореничките и целосно дистанцирање од проблемите со кои се соочуваат во КПУ Идризово. Воедно, постојните затвореници од Струга ќе бидат прераспоредени во други затворски установи.

Македонија | пред 1 година

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

И европски, но и латиноамерикански затвори во Македонија

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, ја оцени состојбата во македонските затвори. Според има има голема разлика од еден до друг затвор.,,Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи“, рече Пандов.Тој се осврна, како што рече и за браќава од 27 април и посочи дека некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка.,,Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори, коишто изгледаат супер, нормално и коишто функционираат супер, нормално. Она што јас како забелешка сум го нашол не во сите, но, во дел од раководствата во затворите се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се соживувале дека се сопственици, дека се тоа приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците“, вели Пандов.Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов одговори дека тој како директор на Управата за извршување на санкции ако осуденето лице донесе медицинска документација во којашто е прикажано дека има некое акутно заболување и треба веднаш да се лекува, тој дава прекин од 30 дена.„Меѓутоа не мал дел од нив, еве конкретниот пример, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, јас како што сум информиран има добиено сега прекин од три месеца. Меѓутоа, тоа е од судот, кога имаат документација, ако им следуваат прекини веројатно судовите ќе доделуваат и доделуваат во моментов“, изјави Пандов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Владата го разреши директорот на затвор „Скопје“ во Шутка

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов.На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор - Скопје.

Македонија | пред 1 година

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Назначени нови директори во скоро сите затвори

Ибрахим Ељези на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес.Дејанчо Здравков на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип.Ѓорги Хубрев на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип.Емил Јанески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп.Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп.Ардит Мустафаи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД од отворен вид Струга.Александар Мојсов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД од отворен вид Струга.Александар Јовковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Битола.Слаѓана Стаменковска на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПД Затвор Гевгелија.Оливер Цветковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.Хамид Алитовиќ на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.Климент Софковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Охрид.Мите Костески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Затвор Охрид.Зоран Ристов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Струмица.Игор Додевски е именуван за в.д. заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Тетово.Бране Стојчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на ВПУ Воспитно - поправен дом Тетово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-22-at-10.26.17

Пет затвореници избегале од затворот во Шутка: во петокот се појавиле оти имало контрола од Управата

Пет затвореници од оние кои Управата за извршување за санкции не ги затекна при проверка во затворот „Скопје“ во Шутка, од ноќеска се во бегство, дознава „Скопје1“. Ова доаѓа откако против нив не била покрената соодветна постапка за преместување во приемниот или затворениот дел на затворот, по сторувањето на прекршокот констатиран од Управата. Тогаш, во јавноста се појави информација дека лицата кои ги немало, па се вратиле - биле повикани по телефон. Ова не е потврдено досега од никого.„Скопје1“ побара одговори од Министерството за внатрешни работи, каде прашавме колку лица се пријавени за избегани од затворот. Оттаму најавија одговор веднаш штом ги направат проверките со СВР Скопје.Според неофицијални информации, овие пет лица се истите кои вo петокот не биле затекнати во затворот, иако на хартија се воделе дека се таму. За ова постојат и службени белешки. При ваков случај, се покренува дисциплинска постапка, а до нејзиното завршување, затворениците кои не ги испочитувале правилата остануваат без привилегии како што се отсуство за работен ангажман, отворен третман, работен ангажман во склоп на затворот.Директорот на Управата, Александар Пандов, најави прес-конференција за во 12 часот. БОНУС ВИДЕО:

Скопје | пред 1 година

pandov-andov

Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вчера извршил контрола во затворот „Скопје“ во Шутка, каде констатирал дека 10 лица не биле во собите, а едно било во бегство. Пандов не сака да коментира за „Скопје1“ и посочува дека во понеделник ќе одржи и прва прес-конференција. Според информации на „Скопје1“, сите десет лица за кратко време се појавиле, но и иако првично не биле најдени, денеска не им се одземени привилегиите кои ги уживаат и се со истиот третман.Директорот на затворот, Филип Андов посочува дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот. Тој посочува дека има забелешка зошто ако немало 10 лица, само еден е пријавен во полиција за по него да се трага.„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.Пандов не сака да коментира за „Скопје1“, но за други медиуми посочил дека затворениците биле повикани да се вратат по телефон.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Tепачка во најголемиот затвор во Грција: Се сомневаат дека има мртви

Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.Засега не се знае како дошло до тепачката, ниту кој е убиен.Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.Грчките медиуми јавуваат дека „тензијата се уште трае“ и дека чуварите не можат да се приближат.На местото на настанот се испратени екипи на итната помош.

Свет | пред 1 година

hrvatski-zatvori-iskustvo

Алармантно во битолскиот затвор: „Заштитени осуденици се чуваат тука, место нема, 26 вработени се справуваме со 100 осудени лица“

Алармантна е состојбата во затворот во Битола, алармира Независниот синдикат на затворската полиција и администрација-Битола. Тие посочуваат дека затворот е пренатрупан, директорот за извршување санкции Јовица Стојановиќ им носи уште затвореници, а тие се само 26 вработени кои треба да се справат со 100 осуденици и 18 притвореници.„После настаните во Казнено поправните домови проблемот се пресели и во затвор Битола. ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА неможат да се справат со пренатрупаноста од осудени лица во затворот.Како што знаете КПУ Затвор Битола е затвор од полуотворен тип во кој што престојуваат 100тина лица (иако капацитетот е за 60) и има притворско одделение во кое моментално има 18 лица. И покрај ваквата пренатрупаност и неможноста за прием на лица за издржување казна затвор, Управата за извршување на санкции и Директорот Јовица Стојановиќ од нему познати причини пред 2 месеци издаде решенија за преместување на лица кои се од Скопско Апелационо подрајче и на кои што местото не им е во затвор Битола, а кои се заштитени од моменталната гарнитура на власт во државата.Како ние 26 луѓе да се справиме со 100 осудени лица и 18 притворени меѓу кои се и овие лица кои ги премести Директорот Јовица Стојановиќ наводно на неколку денови а ги остави 2 месеци и сега несака да слушне да ги врати во Скопје во затворите каде што и треба да ја издржуваат казната.Ние како вработени во Кпу Затвор Битола се обративме писмено преку Независен Синдикат на затворска полиција и администрација до Директорот на Управата и Министерот за Правда за проблемот меѓутоа не наидовме на разбирање.После ваквиот игнорантски однос на Директорот на УИС и Министерот за Правда одлучивме да ја известиме јавноста за проблемот и дека ги разгледуваме законските можности за стапување во генерален штрајк се до моментот на решавање на проблемот“, велат од Независен синдикат на затворска полиција и администрација Битола

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-26-at-08.07.08

(Видео) „Шутка е хотел за Идризово“ - затвореници искасани од инспекти, спијат по ходници, тешко доаѓаат и до душеци

„Затворот во Шутка е хотел за стариот дел на Идризово“, со оваа реченица, затвореник сместен во т.н. „Амбуланта“ во најголемиот затвор во Македонија ја опишува состојбата во која издржува казна. Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ во живо комуницираше со јавноста на која и укажа дека ако во затворот „Скопје“ има супстандардни услови, во Идризово е далеку полошо. Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот кажа дека затвореници спијат по земја, некои не добиваат ниту навремено душеци, сместени се по ходници.„Нашите претставници од Националниот превентивен механизам беа сведоци на една ужасна глетка, а тоа е лица кои биле искасани од тафтабити по цело тело, тоа се инсекти, и кои што во моментот кога им требало помош немало медицинско лице за да им укаже помош. Сметам дека ова е загрижувачки. Односнот кон притворениците и затворениците е понижувачки и деградирачки. Тоа нема меѓународен и домашен извештај што не го констатира“, вели заменик-народниот правобранител Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој сподели и други фрапирачки детали во однос на нечовечките услови во кои затврениците во македонските затвори поминуваат долги години.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5467

Македонија | пред 1 година

zatvor

Детали за пожарот во битолскиот затвор: Откако не успеале да го изгаснат со ПП апарати, биле евакуирани 18 притворени лица

Управата за извршување на санкциите Ве информира дека на ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од Установата.Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.

Македонија | пред 2 години

sutkaaa

Ужас во затворите во Македонија, состојбата е повеќе од загрижувачка

Полицајци добиваат притисоци, а затвореници се сместени во мизерни услови со бубашваби. Народниот правобранител Насер Зибери посочува дека условите во македонските затвори се лоши. Најголеми проблеми има во затворот „Идризово“ каде се сместени најмногу затвореници, каде според него состојбата е повеќе од загрижувачка. Тој вели дека има игнорантски однос од властите, а не се даваат ниту потребните пари за нормално функционирање.„ Во шеснаесет метри квадратни, со осум кревети, имаше шеснаесет осудени лица. Во друга просторија од деветнаесет квадрати имаше дванаесет лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од девет лица. Поради несоодветните материјални услови не се врши сместување во второ, петто и осмо крило. Условите не се подобри ниту во просториите кои се користат. Просториите каде се сместени лицата од отвореното одделение и т.н. амбулантско одделение, можат да се опишат како нехумани и деградирачки. Осудените лица сместени во овој оддел беа затекнати како спијат на под, на сунѓери, во ходници, во импровизирани кревети, ставени еден врз друг на три спрата. Хигиената на ниско ниво, а просториите се полни со инсекти како лебарки, бубашваби, тафтабити и слично. Осудените лица се жалат дека немаат пристап ниту до топла вода“, рече Насер Зибери.Ништо подобро не е ниту во затворот „Скопје“.„Таму се сместени во простории во простории со мувла по ѕидовите, каде има стар инвентар, ниско ниво на хигиена, со расипани чешми. Притворениците се жалат на пристапот до вода, кој не е решен. Затворениците складираат вода во пластични шишиња“, додава Зибери.Проблеми има и во затворот Тетово каде се сместени деца. Тие веќе една година, не посетуваат настава во затворот.

Македонија | пред 3 години

2

Бунт во Идризово, чуварите попладнево на протест

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања