Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЗЕЛEНСКИ

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зошто Зеленски отпатува кај Ердоган

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди подготвеноста Украина да продолжи со следната рунда разговори за завршување на руско-украинската војна по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Од кабинетот на Зеленски беше соопштено дека Анкара е подготвена да игра „значајна улога“ во постигнување „сигурен мир“ и дека ја поддржува сувереноста и територијалниот интегритет на Украина.Клучната порака од средбата е дека Турција, според изнесеното, е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори меѓу делегации на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија. Како можна локација повторно се споменува Истанбул, град кој во минатото веќе беше место на дипломатски контакти поврзани со војната.Во кратка изјава пред медиумите, дадена по средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, Зеленски наведе дека токму Ердоган предлага разговорите да се одржат во Истанбул и дека Украина е подготвена да дојде. Тој додаде дека Киев е подготвен и за средба на лидерско ниво, „во кој било формат“.Турските иницијативи за посредување добија дополнителна тежина и преку дипломатските контакти на Анкара. Во март, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, во телефонски разговор со рускиот министер Сергеј Лавров, пренел дека Турција е подготвена да ја организира следната рунда разговори меѓу Русија и Украина.Паралелно со оваа линија, Зеленски ја повика американската преговарачка делегација да дојде во Киев. Во јавноста се појавија и очекувања дека американска делегација би можела да пристигне по Велигден, што отвора можност наредните недели да донесат поинтензивни дипломатски контакти и обиди за придвижување на процесот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски со остра порака до Иран: „Нè убивавте, па уште и лажете“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно ги заостри тоновите кон Иран, обвинувајќи го Техеран дека има директна улога како соучесник на Русија во војната против Украина. Во настапот тој потсети на серија настани кои, според него, ја обележале „тешката“ и трауматична линија на односите меѓу двете земји.Зеленски се наврати на соборувањето на украинскиот патнички авион „Ukraine International Airlines 752“ во јануари 2020 година над Техеран, кога загинаа сите 176 лица во леталото. Тој рече дека Украина „не им направила ништо“, а сепак, според неговите зборови, Иран го соборил авионот, ги убил патниците и екипажот, а потоа не ја презел одговорноста во целост и не овозможил соодветна истрага и пристап за стручни тимови.Според Зеленски, состојбата дополнително се влошила по почетокот на руската инвазија врз Украина. Тој тврди дека Иран ѝ испорачувал на Русија беспилотни летала „Шахед“, кои, како што нагласи, се користеле во напади врз украински цивили и цивилна инфраструктура.Украинскиот претседател наведе дека се обидел да го запре тоа по дипломатски пат, тврдејќи дека од Иран добил уверувања дека ќе има само една испорака, но дека потоа, според него, следеле нови испораки и „лажни ветувања“.На крајот, Зеленски ја заостри оценката дека поради таквото однесување Иран го смета за одговорен за последиците од војната и го квалификува како соучесник на Русија, со што, според него, Техеран ја преминал границата од политичка позиција во практична помош за агресијата.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања