Се стабилизира цената на златото
Цената на златото во последните денови бележи пад и се движи околу 4.400 долари по унца, откако претходно се спушти на околу 4.200 долари, со што е избришан значителен дел од добивките остварени во изминатите месеци.Според експертите, ваквото движење е невообичаено ако се земе предвид растот на геополитичките тензии, кога традиционално се очекува зголемена побарувачка за злато како сигурно засолниште. Сепак, тие посочуваат дека во моментот пазарот е воден пред сѐ од макроекономски фактори.Ескалацијата на конфликтите доведе до нагло поскапување на нафтата, што дополнително ги засили глобалните инфлаторни притисоци. Тоа, пак, придонесе за зајакнување на американскиот долар и зголемени очекувања дека каматните стапки ќе останат на повисоко ниво подолг период.Во такви услови, инвестициското злато губи дел од својата привлечност бидејќи не носи принос и станува помалку конкурентно во однос на други инвестициски инструменти, наведуваат од Tavex.Во анализата се посочува и поширокиот контекст на глобалната трговија, при што значаен дел од транспортот на ѓубрива поминува низ Ормускиот теснец. Околу 10 проценти од светската трговија со ѓубрива се одвива преку овој теснец, вклучително и приближно 30 проценти од азотните ѓубрива и околу 20 проценти од амонијакот.Дополнително, економиите на земји како Катар и Саудиска Арабија во значителна мера зависат од енергетските ресурси и поврзаните индустрии, со удел од 50 до 65 проценти во бруто-домашниот производ. Поради тоа, секој ризик за овие текови создава потреба од брза ликвидност на пазарите.
Свет | пред 6 дена