Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗНАМ

maksim-dimitrievski0123

ЗНАМ ги објави кандидатите за министри

На прес конференцијата на Движењето ЗНАМ беше објавено дека Игор Филков ќе биде номиниран за министер за правда.Игор Филков, бизнисмен со дипломирани правни студии на скопскиот Правен факултет ќе биде предлог на ЗНАМ за нов министер за правда.Вториот кандидат на ЗНАМ за министер е генералниот секретар на движењето ЗНАМ Горан Минчев ќе биде нов министер за администрација, соопштија од партијата на Максим Димитриевски.Од ЗНАМ дополнително ќе ги соопштат имињата на замениците министри и на директорите кои им се доделени во коалициските договори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЗНАМ: Јавноста ќе биде информирана навремено и транспарентно за сите договори со ВМРО – ДПМНЕ, идните кадровски решенија

,,Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено итранспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што гипрезема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавностадека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество воидната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се кажедека истите се во завршна фаза.Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањатаза парламентарните избори, разговара и преговара многу сериозно соВМРО ДПМНЕ врз основа на платформа, со која настапи и напараламентарните избори, наречена „Проглас за достоинственаМакедонија“.За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска,современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифести асномските принципи.Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведувасопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето нанезависноста и суверенитетот на државата.Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите инема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нултатолеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниоткриминал.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека соВМРО-ДПМНЕ е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој моментне се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат вонаредните денови.ЗНАМ потенцира дека во духот на транспарентноста во работата и почиттакон граѓаните и јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечендоговор за соработка и учество во идната влада.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект имаквалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои сесоочува државата во било кој ресор.Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органитена Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќебидат соопштени во јавноста.Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За нашаМакедонија ги оценува како неточни и невистинити.”, велат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Движењето на Максим на маса со ВМРО-ДПМНЕ: Инсистиравме определбите да бидат дел од владината програма

Вечерва во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-16.44.04

Промовирани адутите на ЗНАМ; Максим Димитриевски спремен да ги замени партиите кои владееа

Движењето ЗНАМ ги промовираше своите адути како носители на изборни листи за парламентарните избори на 8 мај.Прв во Изборната единица 1 ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.Носител на листата во ИЕ 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило.Носител во тројката е биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија.Носител на листата во ИЕ 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, а петтата изборна единица ќе ја предводи поранешната претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеник и потпретседател на СДСМ, Весна Бендевска.Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.Максим Димитриевски ги обвини СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во државата и рече дека е време да заминат.Тој нагласи дека сме Македонци и време е да бидеме свои на своето.,, Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат”, рече Димитриевски.

Македонија | пред 2 години

maksim-dimitrievski0123

Карапејовски во единицата, Стојчевски прв во двојката а Минчев последен, Бендевска носител во 5-та ИЕ

Политичкото Движење ЗНАМ-За наша Македонија, информира дека со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор се утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.Носител во единицата ќе биде Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.Во двојката на прво место ќе биде магистер по кривично процесно право Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ, Куманово , а како изненадување генералниот секретар Горан Минчев, на негово барање ќе биде на листата за пратеници во таа изборна единица,но на последното 20-то место.Преку личен пример генералниот секретар, Минчев упатува порака дека од Движењето ЗНАМ – се разликуваат од другите и дека личните интереси и борбата за јавни функции не се става на прво место.За носител на листата во ИЕ 3 се предлага докторот на историски науки Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ.Четворката ќе ја предводи Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша, Струмица, а петката Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на ЗНАМ.Во шестката боите на ЗНАМ ќе ги брани магистерот на правни науки, Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-Тетово.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања