Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗОО

zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Војо Иванов, зоо-неговател во Зоолошката градина во Скопје објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмун, кој ги добил по роденденска прослава.Иванов на социјалните мрежи информираше дека бил организиран роденден за мајмунот Мики, но наместо настанот да помине во позитивна атмосфера, повеќе од половина од подароците завршиле кај посетителите.„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша Иванов.Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за настан организиран за животно, а подароците биле наменети за негова грижа и збогатување на средината во која живее.Засега нема информации дали Зоолошката градина ќе преземе конкретни мерки или дали ќе има санкции за посетителите.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Во Зоолошката градина во Скопје денеска радост за малата Делфина – гибончето кое пред четири години беше спасено по драматичен пад во езеро, доби нова играчка орангутан како подарок од редовна посетителка.Делфина тогаш беше отфрлена од својата мајка и остана сама, но по спасувањето нејзиниот живот го презеде зоонегувателката Зера, која, како што информираат од ЗОО-Скопје, 24 часа дневно ѝ се посветила на грижата и одгледувањето. Благодарение на таа посветеност и тимската работа на вработените, Делфина денес е здрава и адаптирана.Во меѓувреме, таа и нејзиното помало братче Мики заедно учат да живеат самостојно. Од ЗОО-Скопје нагласуваат дека се една од ретките институции во светот што успеале да спојат и успешно да адаптираат две гибончиња во вакви околности.Приказната за Делфина и Мики со години ги трогнува посетителите, кои се восхитуваат на пожртвуваноста на негувателката Зера и на тимот што стои зад нивниот напредок. Подарокот – играчката орангутан – е уште еден симбол на таа поврзаност меѓу животните и луѓето кои се грижат за нив.Од Зоолошката градина додаваат дека во изминатиот период Делфина и Мики редовно добивале подароци и играчки и од тимот, со цел да се поттикне нивната социјализација и природно однесување.

Скопје | пред 1 месец

media-librarydettuoook9do03T9fRf

Најмалите мајмунчиња на светот со ново потомство во ЗОО Скопје

Од ЗОО Скопје пристигна убава вест – еден од паровите џуџести мармозети доби близначиња. Станува збор за најмалите мајмуни на светот, чија телесна тежина во зрелост не надминува 100 грама.Поради нивната исклучително мала големина, двете бебиња сѐ уште тешко се забележуваат со голо око. Тие постојано се носат на грбот на мајката, додека во нивната грижа активно учествува целата група, што е карактеристично за овој вид.

Скопје | пред 2 месеци

media-library479p3iai9ige7KdZAtU

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Катерина Костова е назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина, дознава „Скопје1“ од изводи од установата. Таа доаѓа на позицијата од Зоран Попов, кој беше кадар на Данела Арсовска, во чие време угинаа десетици животни. Костова е избор на Орце Ѓорѓиевски како нов градоначалник на Скопје.„Скопје1“ се обиде да добие потврда од Град Скопје за тоа дали формално е извршено назначувањето, на што очекуваме одговори. Ова доаѓа откако во јавноста се појавија информациите дека со ЗОО-Скопје ќе раководи Стефан Кирков, за кого беше објавено дека бил осуден за измама со животни, па активисти сметаа дека е тенденциозно оваа функција да му се довери нему.Вработени во Зоолошката градина за „Скопје1“ брифираат дека Костова е дел од установата повеќе од шест-седум години. Последно, таа била и лице задолжено за пристап до информации од јавен карактер.Зоолошката градина во изминатите години беше често мета на критики, поради угинувањето на жирафата, слонот, ламата, мајмунот од расата патас. Во 2023 година, Зоолошката градина го изгуби и кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини. Тогаш, неофицијално, како причина беше неведено дека е прекинот на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, 2-годишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори. Ова пак предизвика проблеми за носење на нови животни во ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryee0jmccsqgqg7eOXVTq

Контроверзии околу новиот менаџер на Зоолошка: Бил осуден за измама со животни, казната избриша,а тој вели дека не е осудуван

Активистката за заштита на животните Мери Јордановска јавно го проблематизира изборот на Стефан Кирков за менаџер на Скопската зоолошка градина, потсетувајќи на негова судска историја поврзана со измама со животни. Според нејзината објава, Кирков во 2018 година со пресуда К бр. 1205/18 бил осуден на условна казна за измама, при што продавал кучиња по цена од 600 евра, ветувајќи педигре кое никогаш не им било доставено на купувачите.Во самата пресуда, како што наведува Јордановска, преку сведоштва од Кинолошкиот сојуз било посочено дека лицето било познато и по други слични измами. Иако поминал подолг временски период и пресудата е избришана од казнената евиденција, таа нагласува дека тоа не значи дека делото не било сторено. Дополнително, според нејзините наводи, Кирков во 2021 година одлежал три месеци затвор во Идризово поради непокриени трошоци во друга судска постапка.„Прашањето е како лице осудено за измама со животни ќе раководи со институција која работи исклучиво со животни, особено по сите скандали што ја следат ЗОО Скопје“, пишува Јордановска, отворајќи и дилема дали против Кирков во моментов се води нова постапка за друго кривично дело.По објавите и реакциите во јавноста, со став се огласи и самиот Стефан Кирков. Тој тврди дека нападите кон него се оркестрирани и започнале откако се појавила информацијата дека ќе ја преземе менаџерската позиција во Скопската зоолошка градина. Кирков истакнува дека поседува официјална потврда од надлежните институции дека не е осудуван и дека ги исполнува сите законски услови за функцијата.Тој нагласува дека неговото доаѓање на чело на Зоолошката градина не им одговара на одредени кругови, но уверува дека неговата цел е развој на современа и успешна зоолошка установа. Кирков посочува дека целиот свој живот го посветил на животните и хуманиот однос кон нив, додавајќи дека никогаш не би направил нешто што би им наштетило.„Вистина е дека имам потврда од надлежни институции дека не сум осудуван со што целосно ги исполнувам сите законски услови за позицијата која се споменува. Имам јасна визија и планови Скопската зоолошка градина да прерасне во регионален центар и да се доближи до стандардите на зоолошките градини членки на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми – ЕАЗА“, наведува Кирков во својата изјава.Дебатата околу неговиот избор продолжува, а јавноста очекува институционален одговор и јасни критериуми за избор на кадар кој ќе управува со една од најчувствителните јавни установи во градот која изминативе години остана без членство во ЕАЗА, но и без животни бидејќи голем дел изгинаа.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот со закланите коњи во скопската Зоолошка градина, кој произлезе од кривична пријава на МВР поднесена во 2022 година против тогашниот директор и петмина вработени.На денешното рочиште сведочеа актуелниот директор на Зоолошката градина, Зоран Попов, и официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Попов потврди дека во рамки на институцијата постои можност за кланица, но нагласи дека од неговото доаѓање во 2022 година не се користело коњско месо за исхрана на животните. Според неговите зборови, од постари колеги дознал дека во минатото постоела таква практика.Ветеринарот од АХВ сведочеше дека лично ги видел десетте заклани коњи, како и две живи грла во депото на Зоолошката градина. Тој изјави дека за животните не бил приложен здравствен сертификат, што претставува прекршување на Законот за идентификација и регистрација на животни.„Освен договорот со КПУ Идризово, не беа приложени други документи. Поради тоа беа изречени прекршочни платни налози, месото беше уништено во ‘Дрисла’, а живите коњи беа вратени во затворот“, изјави сведокот.Тој додаде дека не му е познато што се случило со животните по нивното враќање во Идризово, но потврди дека и во минатото, за време на неговото стажирање, во ЗОО се користело месо од изнемоштени животни за исхрана на месојадите.Случајот предизвика голема реакција во јавноста во 2022 година, кога беше обелоденето дека во скопската Зоолошка градина биле заклани коњи наводно за храна за дивите животни. Поранешниот директор Кристијан Стаменов, кој тогаш тврдеше дека коњите биле добиени од Агенцијата за запленет имот, беше разрешен од функцијата.

Скопје | пред 5 месеци

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Зоолошката градина Скопје соопшти дека утрово угинал европскиот бизон на возраст од 17 години, кој од 2011 година беше еден од најимпресивните претставници на дивата фауна во градината.-Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме, напишаа од ЗОО Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

„Менаџментот на ЗОО Скопје потфрли, постои ризик од епидемија на туберкулоза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку обвини дека во скопската Зоолошка градина владее хаос и сериозна закана по здравјето на животните, вработените и посетителите поради ширење на туберкулоза.„Животни во ЗОО Скопје постојано угинуваат поради разни болести, а менаџментот и градските власти ги кријат инцидентите од јавноста. Така се доведува во опасност не само здравјето на останатите животни, туку и на луѓето“, велат од партијата.Според нивните информации, пред еден и пол месец починале три лами поради туберкулоза, а кај уште две е потврдена истата инфекција.„Пред само три дена почина и младо мајмунче од видот гибон, а патолошкиот наод повторно покажува присуство на туберкулоза“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата оценува дека станува збор за алармантна состојба која бара итна институционална реакција.„Ова отвора сериозни прашања: колку животни досега загинале од оваа болест, колку се загрозени останатите и дали посетителите и вработените се безбедни? Време е за одговорност и итна реакција“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема официјално соопштение од скопската Зоолошка градина и Град Скопје за овие наводи на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-11.29.08

(Видео) Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител.„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родителот врати: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.Иванов му врати на родителот „Господо, мора доле да бидете!“, а родителот пак возврати: „Понашај се малку покултурно“. Зоо негувателот на ова му вели „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот вели „Ако мое право“.Под ова виде, иванов напиша „Ризик јак, недела со гостите“.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.45.10

Шимпанзото Коко се повредил во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина беше извршена првата високо стручна интервенција за седација на шимпанзо – процедура која се смета за една од најсложените во светот на ветеринарната медицина. Поводот беше несреќа при игра помеѓу шимпанзата Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години.„Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат“, велат од Зоолошката. Малото недоразбирање помеѓу двете шимпанза резултирало со тоа што Коко се лизнал и ја повредил ногата.По инцидентот, веднаш била обезбедена прва помош, а биле контактирани и холандските соработници со кои Зоолошката градина има долгогодишна соработка. Во консултација со нив, на терен бил повикан стручен тим од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.Под координација на професорот Пламен Тројачанец, Коко бил седиран и транспортиран во ветеринарната болница, каде што му биле направени рендген и лабораториски испитувања. Констатирана е напукнатина на мала коска на ногата, која ќе зарасне природно, без потреба од хируршка интервенција.„Среќни сме што Коко е стабилен, под надзор и во процес на целосно закрепнување. Овие ситуации се природни и очекувани дури и во најхармонични групи на човеколики мајмуни“, додаваат од Зоолошката.Од таму потенцираат дека нивниот приоритет останува благосостојбата на животните и дека грижата за нив продолжува со несмалено внимание.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-02-at-11.22.46

Вработени во ЗОО си ја бараат платата, велат дека немаат ни здравствено; Директорот не е ни на работа, рече Неделков од СОНК

Вработени во Зоолошката градина си ја бараат платата за изминатите два месеци. Тие велат дека немаат ништо против Зоолошката градина или Министерството за култура кои им исплаќаат плати, или пак против Град Скопје. Посочуваат дека никогаш не се случило 45 дена да немаат земено плата.„Овој протест е за да нѐ видат дека немаме земено плата за март месец. Плата имаме земено пред 45 дена. Вчера изгубивме и здравствено, бидејќи немаме плата на време. Имаме и колеги кои се на боледување. Кај без плата, па и без здравство. Замолувам тие кои се надлежни ова да го решат, за да ние поскоро земем плата. Си ја бараме заслужената плата која треба да ни ја дадат. Дали ќе исплаќаат по старо или ново - има синдикат, министерство. Ако ние не сме задоволни, ќе си поднесеме преставки до судот и ќе работиме според тоа што ќе ни кажат“, рече Миле Таневски, претседател на синдикална организација на ЗОО-Скопје.Тој порача дека ќе плаќаат камати ако не ги подмират долговите.„Банки, извршители почнаа, знаете како функционира оваа држава. Телефоните ни ги исклучија. Како понатаму, ќе треба да се договориме во Синдикатот. Ние го најавивме протестов, излеговме толку колку што сме. Велигден го пројдовме без плата, 1 Мај го поминавме без пари“, рече Таневски.Немаме луѓе, немаме работници по реони, порача зоо-негователот Мирослав Станковиќ. Апелираше да се донесат помлади работници.„Ова не е протест, туку за време на пауза, да испратиме порака дека ние секојдневно сме склони на повреди, а еве веќе немаме ниту здравствено. Зоолошка градина е подолго време е арена за политички пресметки. Нас тоа не нѐ интересира. Апелираме да ни се реши статусот. При крај ни се и финансиските средства“, додаде Мирослав Станковиќ, зоо-неговател.„Трпението е при крај. Со бирани зборови ја кажуваат нивната мака, нивната тага. Но факт е дека денеска немаат ни здравствено осигурвање. Секојдневно се изложени на повреди, а да останат без здравствено осугурвање е нехумано. Ако не се исплатат платите, веројатно и вратите на ЗОО да бидат затворени. За жал, добив информација дека директорот не е на работа, а мислев да се срентеме. Генерално директорот е задолжен за исплата на плата, а кој е надлежен по хиерархија, нас не нѐ интересира. Ние забелешките ќе ги упатиме до директорот. Според моите информации никој во Град Скопје нема земено плата“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Скопје | пред 10 месеци

ljutkov-zoo-popov

Вработените во ЗОО последно земале плата во февруари: директорот Попов вика дека се изработени, министерот Љутков: Ја немаат ни доставено до нас!

Вработените од Зоолошка градина немаат земено плата од февруари, а менаџментот вика дека навремено ги изработиле за Министерството за култура да ги исплати. Министерот за култура, Зоран Љутков вели дека до нив уште не е доставена пресметка, која потоа оди на исплата во Министерството за финансии. За тоа време, вработената Тина Мицковска посочува дека од денеска нема да имаат ни здравствено.Едно празнично хаику за 1 Мај, последна плата ни беше за февруари, од утре ни здравствено ќе немаме, платата за март не знаеме до кога ќе ја нема, а мене ми се пие едно ладно пивце“, пишува Мицковска.Директорот на ЗОО-Скопје, Зоран Попов, за „Скопје1“, вели дека „Платите за вработените се навремено изготвени и исратени во Министерството за култура и Министерството за финансии, платите за сите културни установи во град Скопје ги обезбедува Министерството за култура“.Истовремено, од ЗОО-Скопје ојбаснуваат дека: „Од страна на Министерството за култура до нашата институција беше испратен мејл, врз основа на кој бараа сите јавни установи од културата да направат незаконски измени на пресметките за мартовските плати, без правна основа, спротивно на Колективниот договор. Зоолошка градина Скопје, како и другите јавни установи испрати официјални забелешки и прашања до Министерството бидејќи насоките во мејлот беа нејасни, но до денеска немаме добиено никаков одговор. Согласно насоките од Министерството за култура кои беа дадени за директорите истите се принудуваат да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови. Оттука јасно произлегува дека вината за неисплатените плати не е во менаџментот на Зоолошка градина Скопје како што во јавноста пробаа да излажат и манипулираат одредени поединци, за што ќе побараме јавно извинување“.Министерот Љутков пак, во изјава за „Скопје1“ е дециден: „Се уште немаат доставено ништо до нас“.„Не е точно, платите не се стигнати до нас. Не е можно за 125 институции да сме изработиле, а само скопските за - не. Точно е дека ние ги обезбедуваме, но треба да стигнат до нас. Пред да стигнат до нас, треба да се одобрени и од градоначалник. Инаку уште вчера добив информација од вработените од Зоолошка дека не ни почнала да се изработува“, вели Љутков.

Скопје | пред 10 месеци

lemuri-poni-zoo

(Фото) Радост во ЗОО-Скопје: Се роди поним а вчера лемури

Скопската Зоолошка градина објави дека о последните 30 денови имаат околу 30 нови бебиња.„Утрово не дочека нова радост. Женско бебе кај пони коњите“, објавија тие.Претходно се родија лемури.

Скопје | пред 11 месец

IMG_3558

Угина јагуарот во скопската Зоолошка градина

Угина единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Станува збор за Инес, која според менаџерите имала канцер и тумори на повеќе органи.„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додадоа од ЗОО-Скопје. Тие посочија дека во зоолошките градини најстарите јагуари имаат 23 години.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-10-at-19.15.50

Се роди белоглав мршојадец во ЗОО-Скопје: тие се еко чувари, се хранат со трупови од мртви животни и спречуваат ширење зарази

Се родило бебе, белоглав мршојадец во Зоолошката градина-Скопје.„Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец. Овој вид е трајно заштитен во нашата држава, како еден од најзагрозените, а неговата улога во природата е доста значајна Мршојадците се всушност наши еко чувари. Тие се хранат со трупови на мртви животни и со тоа спречуваат ширење на зарази.Женките птици најчесто се гнездат на ксрпи и несат по едно јајце, чија инкубација трае 48-53 дена. За продолжување на овој вид, се надеваме дека во скора иднина тоа ќе можеме да го правиме преку реинтродукција односно пуштање на млади единки во природа, со цел да спречиме истребување на белоглавите мрошојади на македонска територија каде што најчесто страдаат од човечки фактор со труење, хранејќи се со затруени животни од човечка рака. Искрено посакуваме што повеќе бебиња во домот на белоглавите мршојади во Скопје ЗОО“, велат оттаму.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-08-at-15.05.58

Угина и ламата во скопската Зоолошка градина, имала туберколоза

Угина лама во скопската Зоолошка градина. Оттаму не откриваат кога се случило ова, а прв за случајот објави Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. Од Зоолошката градина посочуваат дека таа имала туберколоза, болест за која нема лек кај животните. Според нив, била третирана, но не успеале да и го спасат животот.„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина лекувавме и терапиравме лама која иако беше направено се од медицински аспект и грижа, за жал угина. Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми. Веднаш во соработка и советување со АХВ( Агенција за храна и ветерина), беа направени туберкулински тестови на сите лами и секојдневно ја следиме нивната ситуација и се под медицински надзор. Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка“, напишаа кусо од ЗОО-Скопје.Оваа болест е исклучително ретка кај ламите, а лекувањето не е успешно.Претходно, угина мајмун од расата патас и берберски овци.За три години угинаа 25 животни, а родени се 73; Меѓу овие се и егзотичните како жирафите и слоницата

Скопје | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

ЗОО: За три години угинаа 25 животни, а родени се 73; Меѓу овие се и егзотичните како жирафите и слоницата

Зоолошката градина објави дека во 2023 година угинале 10 животни, а во 2024 угинале 15 животни. Истовремено, посочуваат дека се родени повеќе отколку што се угинати. За три години, посочуваат дека угинале 25 животни меѓу кои се жирафите, но и слонот, а се родени се 73 животни. Тие реагираат поради одредени информации кои биле пласирани во јавноста дека угинале 40 животни.„Зоолошка градина на град Скопје моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни. Се обраќаме до јавноста, со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини, и со пласирање на информации на начин и со цел да ја вознемират јавноста, како што се објавите за наше прикривање на угинати над 40 животни. Поради тоа сакаме да известиме за бројот на угинати, но и за бројот на родени животни во 2022, 2023 и 2024 година, според официјалната евиденција и попис.Во 2023 година се родени 40, а угинати 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати 15 животни. Вкупниот број на родени животни за овие три години е 73, додека пак на угинати е 25. Повеќето од угинатите животни се единки кои биле во длабока старост. Со оваа официјална бројка сакаме да ставиме крај на дезинформациите за угинати над 40 животни кои се пласираат во јавноста. Во нашата држава има уште многу институции кои се привремен или постојан дом на животни и луѓе, но од ниту една од нив не се очекува и бара, ниту пак тие ја известуваат јавноста за секое угинато животно или починат човек, поради тоа што исто како и на нашата установа, така и на нив, приоритет им е емпатијата кон блиските на угинатото животно или починатиот човек, како и невознемирувањето на јавноста која има емпатија кон сите животни и луѓе. Напоменуваме дека огромен процент на наши посетители е составен од деца.Јавно ги каниме советниците од Советот на Град Скопје, сите медиуми, институции, здруженија и други групи директно или индиректно засегнати и заинтересирани за работењето на нашата установа, организирано и со најава да ја посетат Зоолошка градина Скопје и сами да се уверат во начинот на грижата за животните и нивната благосостојба и да се уверат во отчетноста на нашата установа преку евиденцијата и документацијата која ја водиме и поседуваме“.

Скопје | пред 1 година

zooloska-majmun

Угина и мајмун во Зоолошката градина - сѐ уште не се знае од што

И мајмун од расата патас угинал во Зоолошката градина-Скопје, дознава „Скопје1“. За ова до сега, немаше никакво известување во јавноста. Не се знае ниту кога се случило угинувањето, ниту причините поради кои мајмунот угинал. Од Зоолошката градина прво ни кажаа дека не ни се точни информациите, за при повторно поставување на прашњата - да одговорат дека мајмунот угинал.„Не знаеме конкретно за кој мајмун-патас прашувате, имаме сега брзо еден мајмун-патас угинат, резултатите покажуваат дека немал бактерии, сѐ уште немаме резултати од обдукцијата и немаме причини од кои угинал“ стои во одговорот од ЗОО-Скопје.Зоолошката градина истовремено тврди дека лемурите кои ги вратиле од битолската Зоолошка градина, се живи и се третираат соодветно.„Пред околу две години, сите лемури кои беа позајмени, а со тоа и лемурите од ЗОО Битола, се земени, вратени во нашата зоолошка градина. Лемурите земени, вратени од ЗОО Битола се живи“, велат од ЗОО-Скопје.Пред да добиеме конкретни одговори, до Зоолошката ги поставивме истите прашања, но во првите одговори, тие се обидоа да ја сокријат информацијата за угинатиот мајмун.„Ве покануваме да одберете термин и да ни најавите кога би дошле во зоолошката градина, со цел да направите репортажа и да видите во какви услови и на каков начин се чуваат животните. Воедно, во врска со поставените прашања, Ве известуваме дека информациите кои ги добивате не се точни и вистинити, а при Вашата посета, во директна комуникација, ќе Ви дадеме детални одговори и на овие, и на сите други прашања“, стоеше во одговорот од ЗОО-Скопје.Претходниот вторник, од труење, угинале берберски овци.

Скопје | пред 1 година

berberski-ovci

Угинаа животни во скопската ЗОО, сомнежот е дека станува збор за труење

Повторно угинаа животни во скопската Зоолошка градина. „Скопје1“ дознава дека станува збор за над пет берберски овци. Од Зоолошката градина ја потврдија информацијата, и посочуваат дека се сомневаат на труење. И за овој случај, не се објави додека не испративме прашања до раководството. Берберските овци угинале пред шест дена.„Во вторникот, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест. Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки“, велат од Зоолошката градина.Прашани за причината за смртта, велат дека тие се отруени.„Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, додаваат од ЗОО Скопје.Во изминативе над три години, угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, имаше кланица со расните коњи. Евтаназирана беше и слоницата Дуња.Досега, градоначалничката Данела Арсовска не побара никаква одговорност од в.д. директорот Зоран Попов кој и натаму е на чело на оваа јавна установа.

Скопје | пред 1 година

arsovska-1

Манипулативни, тенденциозни и ги отфрламе обвинувањата дека Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, вели Арсовска преку адвокат

Градоначалничката Данела Арсовска и Зоолошката градина го демантираат советникот во Град Скопје Стефан Ќирков кој речe: „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска“.„Тврдењата кои ги пронесувате од лицето Стево Ќирков дека „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и дека менаџментот на зоолошката градина и градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што направи низа промени на директори таму од причини познати само кон неа“, се манипулативни, тенденциозни и категорично ги отфрламе обвинувањата како неточни и невистинити“, вели лицето Трајче Арсов кој се претставува како нејзин адвокат заканувајќи се дека со тужба за навреда и клевета во нејзино име и во име на ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 1 година

galetanovski

Галетановски ќе ја тужи ЗОО и администрацијата: најави гонење за три сериозни дела

Ексдиректорот на Зоолошка градона, Ѓорѓи Галетановски кој аплицираше на оглас за нов избор на директор распишан од Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска, ќе поднесе кривични пријави. Неговиот допис во целост:„Сакам да ја известам јавноста дека По поднесување на целокупна документација од моја страна и по оглас кој е отворен до 14.08.2024 година, jaс сеуште немав официјален одговор. Законот вели дека Доколку не се се спроведе огласот, како што беше случај, документацијата доставена не смее да биде отворена, туку веднаш вратена до мене.Еднаш отидов на лице место да си ги побарам назад документите при што не сакаа да ми ги вратат ми рекоа дека не смеат да ги отворат и дека ќе ме известат на меил за после месец дена сепак да ги отворат на своја рака и да ме известат дека ми ги испратиле назад, наместо да ме повикаат да си ги подигнам, ми ги испратиле по пошта, а до денес документите не ми се стигнати, односно не знам дали се испратени и каде ми се сите оригинални документи.Бидејќи мојата документација е отворена, неовластено и незаконски без управен одбор и воедно моите лични податоци се злоупотребени, прво ќе пријавам во ДЗЛП, а по нивен одговор, ќе поднесам кривична пријава до ЗОО и до вработените во администрација кои ги отвориле документите.Ќе пуштам тужба и за надомест на штета, поради повреда на правото на заштита на личните податоци, губење на документи и злоупотреба на лични податоци од неовластени лица, имајќи во предвид дека и Град Скопје и ЗОО се одговорни при спроведување на постапка за избор и доколку ја добијам истите средства ќе ги донирам на сметката на вработените на ЗОО Скопје.Овие тужби ќе бидат добиени и ќе бидат пример како треба да се однесува градската администрација со правата на секој еден вработен“.

Скопје | пред 1 година

petardi

„Милион птици угинуваат од стрес, кучињата и мачките можат да добијат удар“ - кампања против петардите

„Месец декември го посветуваме за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања“, велат од скопската ЗОО и додаваат:Ајде заедно да кажеме СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ И ОГНОМЕТИТЕ кои освен тоа што се опасна „играчка" за најмладите и може да дојде до страшни повреди, се погубни и за животинскиот свет.Употребата на пиротехнички средства е опасна затоа што:-Милиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација-Кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв-Дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат-Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава-Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото-Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност-Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите-И животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стресЗатоа апелираме сите заедно да се вклучиме во оваа кампања и оваа година рекордно да ја намалиме употребата на пиротехника.Се надеваме дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности со Скопје ЗОО, а како прва „задача" за сите основци и средношколци предлагаме да бидат креативни и да направат цртежи на темата „КАЖИ СТОП ЗА ПЕТАРДИ И ОГНОМЕТ".На крајот од месецот, пред Нова Година ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината.Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на zooskopje@zooskopje.com.mk , кои потоа како постери ќе се најдат низ секое маало!И за крај, уживајте во празнувањето на празниците, но оставете ги и другите да уживаат.Стоп за пиротехничките средства!

Македонија | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

На Зоолошка и се заканува клуч на врата, без Управниот одбор, кажа и Јанчева

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор - сами ќе и ставиме мораториум. Со ова приморано, ќе ставиме катанец на Зоолошка, без орган на управување. Ако сакате мерка и ја нарекувате мораториум, треба да дадете рок. Вака, во преносна смисла е катанец на Зоолошка. Не можеме да одиме против актот на основање. Нема потреба од квалификации кој сака и не сака животни, тоа е лично. Зоолошка е бренд и овде беше кажано дека ќе слави 100 години, прва е на Балканот“, рече Јанчева.Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кој не се партиски определени - аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.

Скопје | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

Вработени во ЗОО се оградија од раководството: Се прелеа чашата

Синдикалната организација на СОНК при ЗООЛОШКА градина, Скопје, го демантира соопштението за јавноста што е поставено на Facebook страната на ЗОО градина, дека таму влегле лица со оружје и извршиле масакр врз птиците без документи.„Тврдењата во Соопштението дека инспектори на Агенциата за храна и ветеринарство (АХВ), придружувани од лица со оружје упаднале во 300 Скопе и извршиле масакр врз птиците, без налог, решение или друг доказ се невистинити. Постапката беше уредно спроведена, со соодветна документација, согласно закон. Имено, од страна на надлежен официален ветеринар, спроведен е надзор во ЗОО Скопје и наредени се мерки за надзор на болеста, а согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авизарна инфлуенца (вирус на Птичіи грип). Агенцијата нареди и мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во 300 Скопе, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел да се сузбие болеста и да се спречи нејзино ширеье надвор од 300 Скопіе кај животните и кај луѓето“, стои во демантот од членовите на СОНК – вработени во ЗОО Скопје.Тие додаваат: „Со цел да ја разјасниме ситуацијата во коа се наоѓаме, би сакале да потенцираме неколку работи. Во изминатиот период, ЗОО Скопе jа пратеа низа инциденти, позади кои сметаме дека стојат политички мотиви. Би сакале, како вработени во ЗОО Скопе, да jа известиме јавноста и да се оградиме од сите политички злоупотреби кои се ставаат на наш грб.Последниов инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина, кон се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кон се поврзуваат во материјалот, jа прелеа чашата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го обавија видео материјалот“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-20-at-11.22.56

Лути на раководството на Зоолошката, но и на АХВ - куп реакции за убивањето на птиците поради птичиј грип

Се бара одговорност за хаосот во Зоолошката градина. Реакции има од граѓаните, но и од политичките партии и здруженијата за заштита на животните. Утрово се огласија од ЛДП каде бараат одговорнсот за случувањата во неа.„Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа. Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат. За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност - оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе. Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште. Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип. Одговорност мора да има“, велат од ЛДП.Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки, велат од Анима мунди, кои исто така повикуваат на одговорност.„Иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје. Поточно, што е видливо и на овие грозоморни видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре - се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата. Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право? Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема?Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност - гуски, патки, чавки, кокошки - или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во право“, велат од Анима мунди.Реакции има и од граѓани.„Видео материјалот кој прикажува брутално постапување кон животните, како во овој случај со птиците во зоолошката градина, би можело да се смета за кршење на законот за заштита и благосостојба на животните... Според овој закон, е забрането непотребно малтретирање, мачење и нанесување болка на животните. Исто така, законодавецот стипулирал од истиот закон, дека секое убивање на животно мора да се спроведува хумано и со минимално страдање... Понатаму, Кривичниот законик, каде што се регулира „Малтретирање на животните.“ Државниот инспекторат за животна средина, да си ги проверат протоколите дали при отстранување на животни под сомнеж на птичји грип се почитувале законските пропишаните протоколи за хумано отстранување“, пишува Мартин Тасевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања