Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Па што ако имам 41 година и немам ни партнер ни деца? Кои сте вие да ми се смеете за тоа?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
woman-crying

Во продолжение ви го пренесуваме исповедот на Ивана В. од Нови Сад која за прв пат се почувствува како обележана поради тоа што нема сопствено семејство.

— реклама —

Имам 41 година и сум слободна жена. Многу нешта сум постигнала во животот, а во последните 15 години имам свој бизнис и многу сум среќна поради тоа. Генерално не страдам од егзистенцијални кризи на идентитетот бидејќи не сум се омажила и не сум родила деца, иако околината врши притисок на мене….Верувајте ми, силно.

— реклама —

Меѓутоа, неодамна се најдов на еден роденден кај пријателка која ја познавам веќе 20 години. Таму беше и еден заеднички пријател кој отсекогаш ми се допаѓал, но ништо не се случило меѓу нас. Дојде на роденден со двете деца и прв пат ме виде по многу години и ме поздрави, седна покрај мене и започна да ја врти бурмата, па после неколку минути иронично ме праша – да видиме кој е твојот статус, по што почна иронично да се смее.

— реклама —

Прв пат во животот се почувствував исмеана што не сум мажена и што немам деца. Неговата насмевка го имаше оној ироничен потсмев „па, нормално дека си останала сама“. Никогаш не ми се случило такво нешто и се почувствував обележано од сите погледи од страна на присутните.

Можеби претерувам, но да бевте таму и да видевте како тоа изгледаше, сигурна сум дека би се сложиле со мене.

Не разбирам зошто слободните жени се мета на потсмев бидејќи не се омажиле и тоа дури од блиската околина. Мојата пријателка се правеше дека не слушна, а нејзиниот сопруг се обидуваше што подобро да наслушне што ми зборуваат.

Се почувствав дека како цела просторија да гледа во мене, а бидејќи бев во туѓа куќа и не можев да одговорам онака како што сакав.

Него повеќе не сакам да го видам, па секако следеше и непријатното известување до пријателката повеќе да не ме спојува со него и да не ме повикува на потенцијални заеднички излегувања.

Она што на мене не ми е јасно е зошто сум дозволила оваа ситуација да ме повреди и дали можеби проблемот е во мене?, се прашува Ивана во својата исповед.

Сигурни сме дека многумина од вас се нашле во иста ваква ситуација, слободно отворете ја душата и раскажете ни…

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања