Пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Наки и американската амбасадорка Натали Бејкер разговараа за најновите регионални случувања и за дипломатските напори за одржување на втора рунда преговори меѓу Иран и САД во Исламабад.
Пакистанското Министерство за внатрешни работи објави на платформата X дека Наки ја поздравил иницијативата на претседателот Доналд Трамп за продолжување на примирјето со Иран, нагласувајќи ја потребата дипломатските канали да останат отворени за постигнување трајно решение.
Тој изразил надеж за позитивен напредок од иранска страна, додавајќи дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир вложуваат максимални напори на сите нивоа за изнаоѓање решение за прашањето.