Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Папата: Конфликтите да се решаваат без воена сила, потребен е нов дијалог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, упати повик до САД и Иран да се вратат на преговарачката маса и да се воздржат од понатамошна ескалација на тензиите.

За време на повратниот лет од турнејата во Африка, папата истакна дека е неопходно создавање нова „култура на мир“, која ќе овозможи решавање на конфликтите без употреба на воена сила.

— реклама —

„Еден ден Иран вели ‘да’, САД велат ‘не’ и обратно. Не знаеме до каде ќе стигне тоа… Би сакал да ги охрабрам сите да најдат решенија што произлегуваат од култура на мир, а не од омраза и поделби“, изјави папата.

Тој во разговор со новинарите во авионот ги осуди убиствата на демонстранти во Иран, како и егзекуциите што се спроведуваат во таа земја.

— реклама —

Папата Лав XIV, како прв папа од САД, неодамна беше критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп, кој оцени дека не реагира доволно остро на случувањата поврзани со Иран.

Поглаварот на Католичката црква нагласи дека нема намера да влегува во конфронтација со американскиот претседател, но истовремено порача дека не сака да биде заплашуван од Белата куќа.

Тој откри и дека со себе носи фотографија од момче од Либан кое било убиено при израелски напад врз проиранското движење Хезболах. Момчето претходно го поздравило папата за време на неговата посета на Либан минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

Белата куќа: Се гледа напредок од иранска страна, Техеран сака директни разговори

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library0tufam702kgueNKE2lP

Хегсет: Ќе уништиме без двоумење – САД со остри пораки до Иран

Свет | пред 21 час

media-librarys0g3tfk7ej2i7vxy3Rl

САД нудат 10 милиони долари за водач на проиранска милиција

Свет | пред 1 ден

media-library0f3b9lej9eg01UUIoEe

Американската имиграциска служба подготвува паметни очила за препознавање лица во реално време

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања