Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Паунов: Патната инфраструктура ќе биде во фокусот на општина Карбинци, ќе обезбедиме и 150 нови плацеви за домување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarytei23fpr4jrv4RKHe9Q

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Паунов се осврна на досега сработеното во изминатите четири години, потенцирајќи дека и покрај 3 годишните опструкции од страна на централната власт, посветеното работење резултираше со реализација на многубројни проекти во патната инфраструктура, расчистени диви депонии како и изградба на нови училишта и детски забавни паркови.

„Реализирани се бројни проекти во делот на патната инфраструктура: вкупно 46 улици во целата општина добија асфалт. Реконструирани и модернизирани се 5 мултифункционални игралишта. Изградивме 2 нови училишта во Таринци и Радање, пет нови детски забавни паркови ги красат нашите населени мести кои пружат можност за рекреација, забава на најмалите, расчистени се сите 6 диви депонии во 6 населени места кои беа опасност по животната средина, подземните води, а и воздухот во Карбинци, тоа беа депонии кои беа стари ѓубришта со децении!“, вели Паунов.

— реклама —

Паунов истакна дека следниот четиригодишен мандат ќе се темели врз неколку основи т.е. столба како обезбедување на нови плацеви за домување, нова спортска сала, велосипедска патека, а воедно посочи дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години.

„Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку основи или врз неколку столба, обезбедување на 150 нови плацеви за домување, една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци, која ќе го добие името „Вршник“, според историската населба во атарот на село Таринци. Нова спортска сала со којашто ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци, а тоа се индивидуалните спортски клубови, боречките клубови „Киро Ристов“ и БК Карбинци и карате клубот којшто исто така функционира на територија на општина Карбинци, ќе обезбедиме можност за спортување и натпреварување. И оваа спортска сала ќе има карактер на натпреварувачка сала којашто ќе понуди и програма за различни видови на спортови. И ќе споменам уште 2 покрупни проекти, велосипедска патека долж регионалниот пат од село Таринци до Карбинци во должина од 1.8 км. Патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината. Со тенденција да ја продолжиме од Карбинци во една втора фаза до локалитетот „Баргала“ со должина од дополнителни 4.8 км. Во делот на патната инфраструктура, којашто исто така ќе биде во фокусот и во следните четири години. Клучниот патен правец од село Карбинци до селото Радање целосно ќе го реконструираме во должина од 4.5 км“, појасни Паунов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl7etnje8kbeu3BtIQBt

Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе

Македонија | пред 30 секунди

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 2 часа

media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања