Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пендаровски: Потребно ни е обединето општество, една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3375

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во предизборното соочување на националниот јавен сервис – Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека за жал сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.

— реклама —

„Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа. Можам да кажам дека во тој дел ни претстои огромна работа, кој било да е претседател во следните пет години затоа што поделено општество по дефиниција не може да ги користи сите потенцијали кои му се на располагање.

— реклама —

Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда“, рече Пендаровски и додаде дека ако се исклучи една категорија на луѓе, односно припадници на една политичка партија или по кој било основ не може да се напредува.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања