Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Перински: Старт на нов Интеррег проект „Зелено за добро“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuanrjvt8tmdd0vQQ0uF

Министерот Златко Перински во Струмица го промовираше проектот „Зелено за добро“, кофинансиран преку Интеррег ИПА соработка со Грција 2021–2027. Проектот цели намалување на загадувањето и подобрување на воздухот преку чиста енергија, одржлива мобилност, обновливи извори и зелена урбана инфраструктура. За македонските партнери вреди 673.228 евра, со 134.646 евра национално кофинансирање. Одобрени се 19 проекти; во Македонија учествуваат 36 корисници со буџет 8,66 млн евра. Перински го истакна и BorPres2 за преминот Маркова Нога и посветеноста на зелената транзиција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имаше обраќање во Струмица на првата прес-конференција на проектот „Зелено за добро“, кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021–2027.

Особено ми е драго што повторно за релативно краток период зборуваме за проект кој директно придонесува за заштита на животната средина — тема што е од исклучителна важност, особено во зимските месеци кога предизвиците со квалитетот на воздухот се најизразени“, истакна министерот Перински.

— реклама —

 Проектот „Зелено за добро“ има за цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот преку чиста енергија и одржлива мобилност, промоција на обновливи извори на енергија и паметно управување со енергијата, развој на зелена урбана инфраструктура и зајакнување на прекуграничната соработка.

Вредноста на проектот за македонските партнери изнесува 673.228 евра, при што Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање од 134.646 евра.

— реклама —

Министерот нагласи дека потребите на граѓаните од двете страни на границата се слични и дека токму ваквите партнерства овозможуваат подготовка и реализација на заеднички проекти кои одговараат на реалните предизвици на терен.

На првиот повик на Програмата Интеррег VI-A ИПА за прекугранична соработка со Грција беа одобрени вкупно 19 проекти. Во Македонија има 36 корисници кои учествуваат во нивната реализација, со вкупен буџет од 8.661.751 евра, од кои 6.929.401 евра се финансирани од Европската Унија, додека пак 1.732.350 евра се национално кофинансирање.

Перински го спомена и стратешкиот проект BorPres2 имплементиран во рамки на оваа Програма, поврзан со граничниот премин Маркова Нога, оценувајќи го како иницијатива од исклучително значење за подобрување на поврзаноста, мобилноста и економската соработка меѓу двете држави.

Министерството за локална самоуправа останува силно посветено на поддршка на зелената транзиција, јакнење на локалните капацитети и максимално искористување на можностите што ги нудат европските програми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0r1iherp8ut0fP8p6qr

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library3buhfgikii9ae0FHmGC

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Македонија | пред 2 месеци

24072024_Perinski_1

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymrkjknuoonq34O6WKb0

Перински во „Јасен“: Инвестираме во превенција од шумски пожари

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања