Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrqjpne45cuhaewP9JM0

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев со бизнисот со марихуана, по заплената на 30 тони дрога од фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од село Борисово, во сопственост на Тони Котев.

— реклама —

Според Петрушевски, компанијата добила одобрение за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, во период кога Филипче бил министер за здравство и кога, како што посочи, лично ги одобрувал лиценците за оваа дејност.

— реклама —

„Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој додаде дека Филипче и Заев активно се залагале за проширување на употребата на канабисот, вклучително и за лична употреба, како и за извоз на цвет од канабис. Според него, во 2023 година била изменета регулативата за одгледување канабис, што, како што тврди, отвора сомнежи за можни политички и бизнис-интереси.

„Зошто во 2023 година беше променет Правилникот за одгледување канабис? Дали за да им врви бизнисот на Заев и Филипче?“, праша Петрушевски, повикувајќи го Јавното обвинителство да ја испита целокупната поврзаност на поранешните функционери со случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 7 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 12 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 12 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања