Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Обвинувањата на СДС за Извршниот комитет се панична пропаганда без факти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ги оцени обвинувањата на СДСМ за новиот состав на Извршниот комитет на партијата како класичен пример на панична и неаргументирана пропаганда.

— реклама —

Одговарајќи на прашањето за тврдењата на СДСМ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Извршниот комитет ги поставил своите најблиски со цел апсолутна контрола врз партијата, Петрушевски истакна дека станува збор за конструкции без никаква фактичка основа.

— реклама —

Тој нагласи дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО-сертификат, со што, како што рече, целосно се демантираат тврдењата и лагите дека бил одбиен од НАТО или дека не ги исполнувал потребните безбедносни критериуми. Според Петрушевски, сè друго претставува злонамерна интерпретација и манипулација за дневнополитички цели.

— реклама —

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи во согласност со партискиот Статут, со јасна цел партијата да биде поефикасна, поодговорна и европски ориентирана. Тој додаде дека обвинувањата за наводна контрола врз институциите и медиумите се неосновани и доаѓаат од политички структури кои, според него, со години ја злоупотребувале државата и сега се соочуваат со страв од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна пратеникот, останува цврсто посветена на политики што значат интеграција на Македонија во Европската унија, стабилно партнерство во НАТО и заштита на државните и националните интереси.

„Лагите нема да ја покријат вистината“, порача Петрушевски, додавајќи дека јавноста препознава кој работи одговорно, а кој се служи со манипулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања