Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Синдикалниот протест беше политички инструмент на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library8g8r7rmpg2274TgQ2X0

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека протестот организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија бил поддржан и организиран со помош на СДСМ.

— реклама —

Според Петрушевски, на протестот имало лица со партиски обележја на СДСМ, што, како што рече, претставува доказ дека синдикалниот протест не бил исклучиво работнички.

— реклама —

„Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Тоа е доказ дека синдикалците не се организирале сами и дека во организацијата им помагале локални штабови на СДС од повеќе градови“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој оцени дека настанот покажал дека ССМ и СДСМ, според него, делуваат заеднички и ги злоупотребуваат работниците за политичка видливост.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ја поддржуваат слободата на работниците да протестираат и да ги бараат своите права, вклучително и повисоки плати, но сметаат дека протестот не бил исклучиво насочен кон работничките барања.

Петрушевски додаде дека, според него, целта на протестот била политичка промоција на СДСМ и на синдикалното раководство, а не исклучиво борба за работнички права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања