Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пласидо Доминго откажа настап поради губење на гласот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
plasido-domingo

Познатиот тенор Пласидо Доминго откажа настап во Маринскиот театар во Санкт Петербург завчера поради влошена здравствена состојба. Имено, тој за миг го загубил својот глас, а тоа се случило непосредно пред да излезе на сцената.

— реклама —

Доминго требаше да учествува во операта „Симон Боканегра” на 25-ти овој месец. „Непосредно пред спектаклот, тој одлучи да не се појави на сцената поради делумно губење на гласот. И, поради тоа што одлуката се случи токму пред уметнците да излезат на сцената, уметничкиот директор на Маринскиот театар, Валери Гергиев лично им се извинува на посетителите”, гласи соопштението на театарот. Веднаш потоа биле почнати преговори со оперскиот пејач за повторно негово гостување во Санкт Петербург наредниве неколку месеци. „Сите барања за враќање на влезниците на публиката за спектаклот ‘Симон Боканегра’ беа прифатени пред крајот на паузата на спектаклот на 25 јуни“, се вели натаму во известувањето.

— реклама —

Пласидо Доминго откажа настап поради губење на гласот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања