Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пленковиќ: Хрватска може да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Киев изјави дека Хрватска може долгорочно, стабилно и сигурно да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), и ги повика двете земји тоа јасно да им го објаснат на своите граѓани. Тој посочи дека досега Унгарија преку MOL купувала поевтина руска нафта што пристигнувала преку Дружба, но дека испораките се прекинати од 27 јануари по напад со дрон во западна Украина. Будимпешта и Братислава ја обвинуваат Украина, која вели дека работи на санација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Хрватска може долгорочно и сигурно да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), порача во Киев хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, повикувајќи ги Будимпешта и Братислава за тоа јасно да ги информираат своите граѓани.

Говорејќи пред новинарите во Киев, на четвртата годишнина од руската агресија врз Украина, Пленковиќ рече дека нема никаква дилема кога станува збор за можноста Хрватска целосно енергетски да ги снабдува и Унгарија и Словачка, за што, како што наведе, Загреб цело време ги информирал партнерите, вклучително и Европската комисија, пренесува хрватски Индекс.

— реклама —

Според Пленковиќ, досега постоел комерцијален аранжман меѓу унгарската компанија MOL и руските партнери за купување поевтина нафта од Русија, која преку нафтоводот Дружба, преку Украина, пристигнува до рафинериите во Унгарија и Словачка.

Пленковиќ нагласи дека Хрватска може да обезбеди долгорочно, стабилно и сигурно енергетско снабдување преку ЈАНАФ.

— реклама —

„Ги повикувам пријателите во Унгарија и Словачка да им објаснат на своите граѓани дека не се енергетски загрозени, дека целата нафта што им е потребна можат организирано да ја добијат преку ЈАНАФ, преку Хрватска“, истакна Пленковиќ.

Тој додаде дека Хрватска сака нивното снабдување да биде долгорочно и стабилно, не преку, како што наведе, секундарен нафтовод, туку преку правец кој може да биде примарен и единствен, доколку тие тоа го посакуваат.

Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка преку нафтоводот Дружба се прекинати од 27 јануари, кога Киев соопшти дека руски напад со дрон погодил опрема на нафтоводот во западна Украина.

Будимпешта и Братислава ја обвинуваат Украина за прекинот на испораките, додека Киев порачува дека работи на санација на нафтоводот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања