Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Плитко алиби“ – премиерот Мицкоски за парите пронајдени во ѕид во домот на родителите на судија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, во гостување на телевизијата „21“, се осврна на случајот со 350 илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.

Говорејќи за настанот, Мицкоски нагласи дека не сака да коментира од позиција на премиер, туку како граѓанин. Тој истакна дека не му е јасно зошто пари, за кои се тврди дека потекнуваат од легална продажба на нива, би биле чувани заѕидани во ѕид, кога постојат бројни вообичаени и законски начини за нивно чување.

— реклама —

„Не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Но, како човек, навистина ми беше лошо за гледање. И да е точно дека станува збор за легално продадена нива и дека сѐ поминало низ законски процедури, не разбирам зошто тие пари би се нашле заѕидани во ѕид. Ако се чисти, има многу конвенционални начини да се чуваат. Нема повод, ниту причина тоа да се прави на ваков начин“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека образложението за потеклото и начинот на чување на парите му делува неубедливо, но нагласи дека конечниот збор треба да го имаат надлежните институции.

— реклама —

„Мислам дека алибито е малку плитко, но оставам судските органи да го кажат своето“, додаде премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања