Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

По оштетувањето на нафтоводот „Дружба“: ЕК не гледа закана за снабдувањето со нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Откако хрватскиот министер за економија Анте Шушњар објави дека Хрватска е подготвена да им помогне на Унгарија и Словачка во снабдувањето со нафта, се огласи и Европската комисија.

„Во моментов не гледаме закана за безбедноста на снабдувањето на земјите членки“, порача Европската комисија откако Будимпешта побара руската сурова нафта кон Унгарија и Словачка итно да се пренасочи преку хрватскиот систем, односно Јадранскиот нафтовод.

— реклама —

Исто така, Брисел потсети дека Јадранскиот нафтовод е дел од регионалната стратегија за диверзификација во рамки на REPower планот и дека неговите капацитети неодамна биле тестирани, со што имплицитно ги отфрли претходните унгарски тврдења дека алтернативниот пат за снабдување со нафта не е технички доволен и дека Хрватска е „непостојан партнер“.

Ана Кајза Итконен, портпаролка на Европската комисија за енергетика, изјави дека размената на пораки меѓу Будимпешта и Загреб уследила по делумното уништување на нафтоводот „Дружба“, кој руската сурова нафта преку Украина ја доставувал во Словачка и Унгарија.

— реклама —

Според нејзините зборови, дел од нафтоводот бил погоден во напад со дрон, а испораките се запрени од 27 јануари.

„Сето тоа го имаме многу јасно на радар бидејќи приоритет ни е безбедноста на снабдувањето на земјите членки, но во моментов не гледаме закана по снабдувањето, бидејќи земјите членки, според европското законодавство, мора да имаат задолжителни стратешки резерви доволни за најмалку 90 дена“, изјави Итконен.

Потврди дека Комисијата е во постојан контакт не само со Унгарија и Словачка, туку и со хрватските власти.

За политичките изјави разменети меѓу владите на Хрватска и Унгарија Комисијата засега нема коментар бидејќи „разговорите се во тек“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања