Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

По смртоносните експлозии во Шри Ланка, пронајдена бомба и на аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
sri-lanka-eksplozii

Импровизирана експлозивна направа беше пронајдена во близина на единствениот меѓународен аеродром лоциран во Коломбо, главниот град на Шри Ланка, која специјалните единици на воздухопловството безбедно ја уништиле во контролирана експозиција.

— реклама —

Веста за пронаоѓањето на бомбата на „Твитер“ ја објавија новинарите од Би-би-си и „Скај њуз“, Азам Амин и Невил Лазарус, а потоа беше пренесена и од страна на британските таблоиди.

— реклама —

Како што соопшти локалната телевизија „Сираса“, импровизираната бомба била пронајдена на пат во близина на аеродромот „Бандаранаике“.

— реклама —

Портпаролот на воздухопловните сили на Шри Ланка соопшти дека бомбата била пронајдена во ПВЦ-цевка долга два метра, пренесува „Мирор“.

Ситуацијата на аеродромот, судејќи според снимките од социјалните мрежи, била хаотична поради превентивното затворање и толпата.

Бомбата била пронајдена неколку часа по координираните напади на цркви и хотели во Шри Ланка, во кои загинаа повеќе од 290 лица, а околу 500 се повредени.

Полицијата вчера уапси 13 осомничени за нападите што министерот за одбрана, Руван Вијевардена, ги опиша како терористички.

Како што наведе агенцијата „Ројтерс,“ и натаму никој не ја презеде одговорноста за вчерашните напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања