Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
izbori

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.

— реклама —

Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.

— реклама —

Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓани со право на глас. Меѓу нив има околу 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор и 450 лица од домовите за стари лица.

— реклама —

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места низ земјата. Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголем дел се наменети за медиумско покривање и политичко рекламирање.

Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Досега избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања