Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Политико: Украина најверојатно ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ во јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Целта на Европската унија (ЕУ) е да ги започне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни, кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски Политико неименувани дипломати од Брисел.

— реклама —

Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот беше поздравен како прв чекор во историското проширување на Унијата.

— реклама —

Сепак, правниот чекор за почеток на преговорите за членство со Киев и Кишињев беше одложен неколку месеци поради стравувањата дека Унгарија ќе се спротивстави на тоа, како и поради загриженоста дека проширувањето на ЕУ може да стане главна тема на претстојните избори за Европскиот парламент.

— реклама —

Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.

Пристапот на Киев кон Европа беше изговор за рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја врати Украина во руската орбита, па патот на земјата кон членството во ЕУ да изгледа како поетска правда, пишува Политико.

Главна пречка на патот на евроинтеграциите на Киев и натаму е Унгарија, која се противи на членството на Украина во ЕУ бидејќи, меѓу другото, тврди дека има нерешени прашања поврзани со унгарските малцинства во таа земја.

Сепак, Киев води интензивни билатерални разговори со Будимпешта за решавање на тие прашања, за кои бриселските дипломати велат дека се наведени во документот од 11 точки.

Напорите на Киев треба да се исплатат бидејќи Унгарија, која го презема ротирачкото претседателство со ЕУ во јули, можеби нема да сака пристапот на Украина да го засени нејзиното шестмесечно претседавање, рече еден дипломат.

Како што додаде, почетокот на официјалните преговори (со Украина) во јуни ќе и овозможи на Унгарија да се концентрира на другите приоритети на претседателството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 15 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања