Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес преку консензус на сите политички партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2ic9f5eopt9uft7Y9vt

Љупчо Пренџов (ВМРО-ДПМНЕ) во „Топ тема“ на Телма говореше за работната група во Министерството за правда која, со претставници од сите партии, работи на подобар изборен модел и изборен закон. Тој нагласи дека не постои идеален изборен модел и дека секоја држава избира според својот развој. Пренџов појасни дека дали ќе има нов Изборен законик или само измени зависи од обемот: ако се сменат над 1/3 од одредбите, ќе се оди со нов закон, а ако е помалку – со измени и дополнувања. Како мерка за „успех“ го посочи бројот на прашања за кои партиите ќе постигнат консензус.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ тема на телевизија Телма, каде говореше на повеќе теми, меѓу кои и темата за Изборниот законик, за што истакна дека целта на работната група, во која има претставници од сите политички партии, а се одвива во рамки на Министерството за правда е да се има подобар изборен модел како и подобар изборен закон.

,,Од стручен аспект, како политиколог, сакам да кажам дека не постои идеален изборен модел, така да не постои идеален изборен законик и секоја држава во зависност од својот историски развој определува кој е најдобриот изборен модел во тој период“, истакна Пренџов.

— реклама —

Тој вели дека дали ќе има нов изборен законик или само измени ќе зависи од обемот на промените, односно дали тие ќе надминат една третина од постојниот закон.

,,Изборниот модел е техника за избор на пратеници на градоначалници, советници и Претседател на државата. Она кое што е добро е тоа што на речиси на две години до следните парламентарни избори, се разговара на темата на нов изборен законик, дали ќе биде нов или ќе бидат измени во Изборниот законик зависи од тоа дали ќе се  промени повеќе од 1/3 или ќе се промени помалку од 1/3, ако е помалку тогаш има измени и дополнувања, доколку е повеќе, тогаш одиме со нов изборен законик“, кажа Пренџов.

— реклама —

Пренџов потенцираше дека под успех од она кое што го имаат како брифинзи од работната група, за изборниот законик и за процентот на измени во изборниот законик се подразбира, како што вели тој, за колку работи политичките партии имаат консезнус.

,,Влегуваме со добра волја, со позитивна енергија, се со цел да имаме еден подобар изборен модел, подобар изборен закон, да ги слушнеме сите мислења, и за прв пат после многу долгу време, не се прави во очи на некои избори, туку се прави, народски кажано, натенане, на две години пред изборите, дека тоа е работна група од која што има од сите политички партии, со која што претседава министерот за правда, се одвива во рамки на Министерството за правда. Треба да му дадеме шанса и на крајот да видеме што ќе се случи со истиот“, рече Пренџов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl7etnje8kbeu3BtIQBt

Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 5 часа

media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања