Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.

,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад“, кажа Пренџов и додаде:

— реклама —

,,После претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.

Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.

— реклама —

,,Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.

,,Очекувам една голема и убедлива победа за она  што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 20 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања