Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Превозниците од Македонија и регионот на протест: блокада на товарниот сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Превозниците од Македонија и од земјите во регионот денеска, најавија протест со блокада на товарниот сообраќај на сите гранични премини во државата. Според најавите на организаторите, камионите нема да бидат пропуштани, додека патничките возила и автобусите ќе сообраќаат непречено.

Блокадите ќе започнат во 12 часот и ќе се реализираат на граничните премини со Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за да се обезбеди непречен проток на патничкиот сообраќај и да се спречат поголеми застои.

— реклама —

Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобрување на условите за меѓународен патен транспорт. Од здруженијата најавуваат дека блокадите може да траат и неколку дена, доколку не се постигне договор со надлежните институции.

Освен македонските, блокада на граничните премини кои водат до шенген-зоната најавија и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7acc8rk43medfg3yDOl

Синдикатот на културните работници протестира: Колективниот договор не се почитува

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
zatvor

Синдикатот на затворската полиција најави протест в среда, ако нема социјален дијалог со Управа за извршување на санкции

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Денес протестен марш во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик

Скопје | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања