Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Промовиран романот „Пеколот на ангелот“ од младата писателка Славица Шајноска од Радожда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
promocija-5

Во Радожда промовиран романот „Пеколот на ангелот“ од современата македонска писателка Славица Шајноска од Радожда.

— реклама —

Ова е прв роман на младата писателка Шајноска. „Пеколот на ангелот“ е лесно читлив, ја доловува сегашноста од нашето живеење, пред се на младите. Романот се чита во еден здив и претставува еден вид лекција за младите. Книгата е пишувана во период од 3 месеци. Главната тема и поука е до сите родители, како не треба да се однесуваат спрема своите деца. Станува збор за семеен, љубовен роман.

— реклама —

— реклама —

Силниот талент на младата авторка го потврдија промоторите на книгата Митре Мангоски Радождански и новинарот Наум С. Кутаноски.

И двајцата се категорични дека Славица Шајноска  влегува во редот на млади и надежни амедонски писатели пред кои има светла иднина.

Инаку Славица Шајноска е родена на 16 август 2001 година во Струга. Ученик е во Општинското средно училиште "Нико Нестор" - Струга, економска струка. Кога животот приредува разни пречки, знае преку пишување да го искаже тоа што го чувствува и мисли, сочувствувајќи се со сите оние кои плачат нечујно, длабоко во себе. Никој да не почувствува колку всушност се кревки и можат да се скршат. Никој да не ги исмева за нивните емоции и чувства и да ги искористи нивните слабости. Листот и пенкалото се нејзините верни и ќе бидат вечни другари кои ги познава уште од мали нозе. Ужива во читањето книги, проследено со насмевки и солзи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања