Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Првите евакуирани македонски државјани од Израел пристигнаа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library6u2q4cr9bc2m4IZ8AV7

Првите македонски државјани евакуирани од Израел вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, информираше заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

Тој посочи дека граѓаните биле евакуирани по копнен пат преку Египет, а потоа со владин авион биле пренесени до Скопје.

— реклама —

„Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив“, истакна Димитровски, додавајќи дека евакуацијата била успешно организирана благодарение на координацијата меѓу институциите и дипломатско-конзуларните претставништва.

Според него, процесот се одвивал на релација Тел Авив – Шарм ел-Шеик – Скопје.

— реклама —

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како што наведе, останува во постојана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање.

Се очекува во наредните денови да биде реализирана и евакуацијата на останатите граѓани кои изразиле подготвеност да се вратат во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Израел воведува смртна казна за Палестинци кои сториле смртоносни напади, Европа најавува можни санкции

Свет | пред 21 час

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Свет | пред 1 ден

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Признаа: Израел го вовлече САД во војна со Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања