Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пуштени во продажба билетите за NUMB - Tribute to Pink FLoyd

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
NUMB-Cuba-Libre-1024x576

Од денес се пуштени во продажба билетите за проектот кој е најавен како вистинско интимно  музичко задоволство, NUMB - Tribute to Pink Floyd.

— реклама —

- Музиката се врати дома. Билетите по рекламна цена од само 300 денари од денес се продаваат  во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и  плажата Cuba Libre. Цената на билетите на врата, вечерта на самиот настан ќе биде 400 денари.

— реклама —

Затоа побрзајте и бидете дел од овој фантастичен настан. Резервации на билети на 075/453-294,  резервации на маси во Cuba Libre 075/357-545, додаваат организаторите.

— реклама —

Проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd во Охрид ја имаше премиерата минатата година на сцената „Долни сарај“ и според многумина, беше еден од настаните кои го одбележаа летото.

Во полн состав, на 18-ти овој месец, на популарната плажа Cuba Libre ќе бидат изведени 16 од најголемите хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу. Ќе се изведат „Shine on your crazy diamond“, „Learning to Xy“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 ремек дела од опусот на групата.

Зад проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања