Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
lazar-nanev

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го водел, од 15 јули годинава е повторно вработен во МВР – како инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција.

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ објаснуваат дека Нанев имал активно право на враќање на работа во рок од 30 дена по престанување на функцијата судија, бидејќи неговото претходно работно место во МВР (пред да стане судија во 2002 година) било ставено во мирување со решение на тогашниот министер Љубе Бошкоски.

— реклама —

„Поради престанување на причините за мирување на работниот однос, односно разрешувањето од судиска функција, Нанев поднел барање за враќање на работа. Врз основа на тоа, согласно Законот за работни односи, е вратен на позиција која одговара на неговиот степен и вид на стручна подготовка“, велат од МВР.

Токму за случајот поради кој беше разрешен, Нанев сè уште се гони кривично – а судењето е закажано за крајот на септември.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања