Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ректорката на УКИМ очекува поголема автономија со новиот закон за високото образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library85bc0dsdhvtfcgEVaiK

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, информираше дека нормативната комисија ги разгледала коментарите од единиците, а на 20 февруари ректорската управа усвоила заклучоци за предложениот закон. Таа очекува законот да донесе поголема функционална, финансиска и кадровска автономија, со намалување на пререгулираните одредби и можност универзитетите да утврдуваат сопствени критериуми за избори и реизбори. Ангелова посочи потреба од корекции околу органите на управување, особено надлежностите на Сенатот во однос на Универзитетскиот совет, и нагласи дека УКИМ веќе има највисоки критериуми за наставен кадар.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова изјави дека минатата недела, нормативната комисија интензивно работела на сите коментари и забелешки коишто пристигнале од единиците УКИМ, а во петокот, на 20 февруари, била одржана седница на ректорската управа, каде што биле усвоени заклучоците по основа на предложениот закон.

— реклама —

„Генерално, од законот очекуваме по голема автономија за универзитетот и тоа е една од нашите основни приоритети, како функционалната, така и финансиската и кадровската автономија. Очекуваме дека некои делови коишто во моментот сметаме дека се пререгулирани, ќе бидат релативизирани, ќе бидат отстранети, за да може да се остави исто така поголемо автономно право на универзитетите, за да донесуваат посебни критериуми коишто ни се битни за избори и реизбори во звања кај различни професии, бидејќи ние ги покриваме сите научни подрачја, значи, општествени, хуманистички, технички, науки, уметности и така натака и секој еден е со свои специфичности.

— реклама —

Имаме неколку одредби во законот каде сметаме дека може да се направат корекции за да подобриме автономијата, тоа е пред сè во делот на органите на управување на универзитетот, дел од ингеренциите на сенатот како највисок орган од универзитетот. Сега се префрлени во универзитетскиот совет коишто се трансформира од тело во орган на управување на универзитетот. Понатака сметаме дека една академска заедница во Македонија нема да направи диференцијација во квалитетот во високото образование. Критериумите по коишто се избираат наставниците на УКИМ се во моментот највисоките критериуми во земјава“, изјави Проф. д-р Биљана Ангелова

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ukim

Почнаа уписите на УКИМ, има слободни места за 9719 студенти

Македонија | пред 7 месеци

sala-ukim

(Видео) Како од хорор филм: Салата од 2,5 милиони евра на УКИМ е распадната, руинирана и испокрадена, а не е користена ниту еден ден

Скопје | пред 11 месец

486364848_122133673832761905_257023359035423420_n

Вчера покана, денес непожелни: Новинарите спречени да снимаат пред платото на УКИМ каде требаше да има собир за Кочани

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања