Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ресторан, спа, фитнес и салон за убавина во Тетово краделе струја од тајна шахта – штета над 56.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
struja

Екипата на Електродистрибуција откри тешка кражба на електрична енергија во станбено-деловен објект на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, кој функционира како ресторан, спа центар, фитнес и салон за убавина.

Според соопштението на компанијата, контролите откриле дека во објектот била поставена специјално изработена тајна подземна шахта која овозможувала противправно користење на електрична енергија. Дополнително, констатирано е директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.

По утврдувањето на неправилностите, тимот за откривање на неовластено користење презел повеќе мерки: составен е Записник за случајот, поднесена е Пријава до МВР според член 235-а од Кривичниот законик за неовластено преземање на електрична енергија, а изготвена е и фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428 денари, што претставува над 56.000 евра.

Од Електродистрибуција посочуваат дека ваквите активности се дел од редовните контроли со цел заштита на потрошувачите и справување со кражбите на електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

struja-585x447-1

Без струја делови од Центар поради технички зафати

Скопје | пред 21 час

— реклама —
close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Електродистрибуција најави прекини на струја во неколку населби

Скопје | пред 1 ден

struja-4

ЕВН најави петчасовен прекин на струја во Сопиште

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh8miguvaro89bHOajL0

Делови од Скопје денес без струја

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања