Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

RoboMac 2019 - натпревар по роботика и автоматика во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
poster-RoboMac-2019

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2019”, кој ќе се одржи по деветти пат во периодот од 18-ти до 23-ти март.

— реклама —

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

— реклама —

Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: роботска рака, сумо, Line Follower, Лавиринт, AI Football, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

— реклама —

Оваа година за прв пат ќе се одржува категоријата RoboMac Junior во која ќе учествуваат средношколци од цела Македонија. Целта е да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција кај средношколците. Тие ќе имаат можност да слушаат предавања од професори и експерти во оваа област, но и да работат со едукативни роботи и да се натпреваруваат во програмирање и управување на истите.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 23.03.2019г.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања