Тим од руски и јапонски научници успеа да разбуди клетки на младата женка-мамут по име Јука, која живеела во Јакутија пред 28 илјади години. Научниците од клетките на мамутицата извлекоа генетски модификации и ги пресадија најзачуваните јадра во јајце-клетки на глувци, објави BBC, повикувајќи се на истражување во магазинот Nature.
Во некои клетки се забележани показатели на биолошката активност која претходи на нивното размножување по пат на делба. И макар што процесот не го достигнал степенот на делба на клетките, научниците се задоволни со постигнатите резултати, објави mk.rbth.com
„Тоа покажува дека, иакo поминале толку векови, клетките и понатаму можат да покажуваат активност и, барем делумно, да ja репродуцираат“, изјави еден од истражувачите Кеј Мијамото.
Мамутицата Јука беше пронајдена во 2010 година на брегот на Лаптевското море во Јакутија. Во почетокот се претпоставуваше дека староста на фосилот е околу 40 илјади години, но подоцна беше коригирана на околу 28 илјади години. Остатоците од мамутот се одлично сочувани поради вечниот лед. На телото на животното се пронајдени засеци направени од човечка рака и траги од повреди од диви животни.