Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САД инвестираат 5 милиони долари во истражување на критични минерали во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarygc6e321acmb41Iw5Vk5

Во седиштето на Американската корпорација за финансиска поддршка за развој (DFC) во Вашингтон свечено беше потпишан договор за финансиска поддршка од 5 милиони долари, наменета за истражување на критични минерали во Македонија.

Договорот го потпишаа Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC , и Ник Јовановски, извршен директор на компанијата Пела Глобал Лимитед. На настанот присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

— реклама —

Оваа финансиска поддршка претставува конкретен чекор во развојот на потенцијалот на критичните минерали, кој е значаен сегмент од современите енергетски и индустриски политики. Договорот отвора можности за понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој, во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини.

Настанот се одржа во рамки на официјалната посета на владината делегација на САД, при што претходно беше одржана двострана средба со раководството на DFC за разгледување на можностите за продлабочување на соработката и поддршка на конкретни проекти.

— реклама —

Овој чекор е значаен сигнал за зголемен интерес за инвестирање во секторот на критични минерали во Македонија и дополнително ја потврдува стратешката соработка со САД во областа на енергетиката и ресурсите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 18 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 19 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања