Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ чека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат името и ја тргнат „северна“ кои тие го сменија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ ја повика власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто не го исполнила ветувањето за враќање на уставното име на државата и поништување на Преспанскиот договор.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека власта избегнува да даде одговори за, како што наведуваат, низа прашања поврзани со тендери вредни 100 милиони евра, минималната плата, како и за наводни врски со криминални структури.

— реклама —

„Нема одговор од ВМРО за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за пет тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според нив, темата за името повторно се отвора со цел, како што велат, да се сврти вниманието од други прашања.

„Секогаш кога немаат одговори, кујните на ВМРО прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името“, велат од СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години ветувале дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека тој „не е завршена работа“.

„Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, а со поддршка од други партии има и двотретинско мнозинство. Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 14 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања