Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

— реклама —

Денеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата.

— реклама —

Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.

И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава.

Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.

СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.

Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 6 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 8 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 ден

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања