Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova-4

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието. Наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека 'не е лошо човек понекогаш и да се извини'“, вели СДСМ и додава

— реклама —

Оваа изјава не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација – напротив, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот. Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени.

— реклама —

Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените.

— реклама —

СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 5 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 6 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 23 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања