„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

СДСМ: Владата и сите институции активно работат на обезбедување чист воздух и здрава животна средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

11 годишното игнорирање на аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ придонесе тоа да стане огромен проблем. После деценија игнорирање Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции на локално и национално ниво постојано преземаат низа мерки за справување со долгогодишниот проблем со загадувањето, велат од СДСМ.

„Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје продолжи во општината Сараj. Претходно такви акции имаше и во Карпош, Бутел, Аеродром и Бит пазар.

— реклама —

Планот е до крајот на годинава да се  подигнат  и реконструираат  околу 130.000 квадратни метри зелени површини од страна на  Град Скопје што претставува рекордна површина уредена во една календарска година.

— реклама —

Набавката  на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје и автобуси со еколошко гориво за Прилеп и во Битола, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори се само дел од мерките кои се превземат со цел намалување на аерозагадувањето.

— реклама —

Покрај справување со загадувањето,  владата предводена од СДСМ, останува посветена на заштита на животната средина . По речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, како нужна интервенција со оглед на тоа дека колекторскиот систем е во тешка состојба и итно е потребна негова санација, за да може да си ја врши функцијата“ велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ќе се формира јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

„Поради сложеноста на проблемот со загадувањето, со сеопфатен пристап  и со вклученост на сите надлежни институции  и низа мерки се прават максимални напори за решавање на проблемот со загадувањето и на локално ниво и на ниво на цела држава.„„

Целта е намалување на загадувањето за 50 отсто за две години , а на ниво на држава од 30-50 отсто“, се наведува во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања