Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги оставија граѓаните гладни, сега глумат поддршка!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од плата до плата, а власта на ВМРО-ДПМНЕ немо стоеше и гледаше како трговските ланци ги цицаат парите на луѓето. Сега кога граѓаните сами се кренаа, тие глумат дека се на негова страна!

— реклама —

Колку пати кажавме? Колку пати алармиравме? Опозицијата со месеци ги повикуваше властите да преземат мерки, да ги сопрат маркетите во нивната бескрупулозна алчност, да донесат конкретни решенија што ќе го олеснат животот на граѓаните. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ молчеше и ги лажеше со шарени ПР кампањи, а сега, кога граѓаните се бесни и решија самите да се борат, тие сакаат да се вклучат во борбата како некакви спасители?! Ова не поминува.

— реклама —

Овој бојкот не е само бојкот против маркетите! Ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот да биде ограбен! Колку и да се обидуваат да се преправаат, луѓето знаат која е вистината – ВМРО-ДПМНЕ стоеше со скрстени раце додека цените одеа во облаци, додека луѓето броеја денови до следната плата, додека пензионерите не знаеја како да ги платат сметките.

— реклама —

СДСМ ја поздравува храбрсота на граѓаните да се самоорганизираат и ги преземат работите во свои раце. СДСМ уште еднаш ја повикува власта да ги прифати мерките кои со сигурност ќе го решат проблемот: да се укине ДДВ на храна, да се покачи минималната плата и да се покачат платите во другите сектори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 6 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 8 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 ден

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања