Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се урна дел од таванот во салата на Центарот за култура во Битола – настаните откажани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library1ko0cbsu7nsdf3YIPze

Дел од таванот се урна во големата сала на Центарот за култура во Битола, простор каде што редовно се одржуваат концерти, културни настани и кино-проекции. За среќа, во моментот на инцидентот немало публика или настан во салата.

Според информациите од установата, оштетувањето било забележано претходниот ден, по што биле отстранети десетина иверици од таванот за да се спречи поголема опасност.

— реклама —

Според директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, веќе се бараат компании кои ќе помогнат во санацијата и дека поправките треба да започнат во наредните денови.

По првичните проценки, проблемот најверојатно настанал поради дотраеност на конструкцијата, а не поради прокиснување на покривот. И во минатото имало слични проблеми со плафонот, но тогаш се вршеле само делумни санации.

— реклама —

Поради безбедносни причини, сите настани во големата сала се привремено откажани, вклучувајќи кино-проекции и најавен хуманитарен настан.

Центарот за култура во Битола е изграден во 1980 година, а објектот во последните години се соочува со повеќе инфраструктурни проблеми кои бараат поголема реконструкција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryva2lqcphngeiaXKlsBi

(Видео) Кафеава вода тече од чешма во битолско училиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Инциденти во Битолско: малолетник нападнат, повеќе возачи пијани зад волан

Македонија | пред 1 седмица

media-library7hbvc91tlhm6agPuOXr

(Видео) Се „крпела“ улица во Битола, а асфалтот е веќе раздробен и распаднат...

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysg67179093qn5sofqnv

Жители на Баир протестираат по нападот на четиригодишно девојче од бездомно куче: „Ако нема мерки, ќе го блокираме влезот“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања