Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Шилегов ќе именува дрва со имиња на новороденчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Град Скопје денеска симболично го најави почетокот на акцијата „Дрво за секое дете" што ја спроведува со болниците и гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. 20 новороденчиња добија дрво на кои ќе стои нивното име и датум на раѓање.

— реклама —

Првите плочки со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар. Плочките се напишани на јазикот кој го одбрале родителите.

— реклама —

„Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

— реклама —

Од Град Скопје ги повикаа идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, за да учествуваат во оваа акција и да имаат свое дрво во главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања