Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Скандал на власта: Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sednica-co-sdsm-4

„СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

— реклама —
— реклама —

„Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување.

Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа.

Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво.

Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски.

Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.

И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени!

Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права.

Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ.

Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.

Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи.

Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата.

За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 5 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 6 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 23 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања