Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
izrael
Илустрација

Израелската полиција спречила миса за Цветници во Ерусалим, откако на латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и кустосот Франческо Јелпо не им бил дозволен влез во Црквата на Светиот гроб. Латинскиот патријархат соопшти дека ваков случај се случува првпат по неколку векови, што предизвика силни реакции и меѓународни осуди. Премиерот Нетанјаху изјави дека ограничувањето било од безбедносни причини поради тензии и ракетни напади, но наредил да се овозможи непречен пристап и богослужба. Инцидентот го осудија повеќе европски лидери и претставници на САД, во контекст на намалувањето на христијаните во Светата земја на под 2% од населението.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Израелската полиција спречила одржување на миса за Цветници во Ерусалим, откако на латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и на кустосот на Светата земја Франческо Јелпо не им било дозволено да влезат во Црквата на Светиот гроб.

Според Латинскиот патријархат, ваков случај се случува првпат по неколку векови. Настанот предизвика силни реакции во јавноста и осуди од меѓународната заедница.

— реклама —

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека веднаш наредил на надлежните институции да му се овозможи на кардиналот непречен пристап до храмот и одржување на богослужбата.

Тој објасни дека ограничувањето било воведено од безбедносни причини, поради зголемените тензии и ракетните напади во регионот, при што, како што наведе, делови од проектили паднале во близина на светите места во градот.

— реклама —

„Со цел да се заштитат верниците, беше побарано привремено воздржување од богослужби на христијанските, муслиманските и еврејските свети места во Стариот град“, посочи Нетанјаху, додавајќи дека одлуката за кардиналот ќе биде коригирана.

Цветници го означуваат почетокот на Страсната седмица и се еден од најзначајните христијански празници, поврзан со влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.

Инцидентот предизвика осуди од повеќе европски лидери, меѓу кои и Џорџа Мелони и Емануел Макрон, како и од претставници на САД.

Според податоците, бројот на христијани во Светата земја денес изнесува помалку од два процента од населението, што претставува значително намалување во однос на периодот по формирањето на Израел во 1948 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Израел: спречен наводен напад по апсење во јужен Либан

Свет | пред 11 минута

— реклама —
Screenshot-2025-03-18-at-08.45.56

Петмина загинати во напад во Газа, меѓу нив и деца

Свет | пред 30 минути

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Свет | пред 21 час

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Израел воведува смртна казна за Палестинци кои сториле смртоносни напади, Европа најавува можни санкции

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања