Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Словенечки пратеник украл сендвич – вели направив „социјален експеримент“, подоцна платив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
darij

Пратеник во словенечкиот парламент поднесе оставка откако украл сендвич во продавница во Љубљана, велејќи дека го направил тоа бидејќи бил игнориран од вработените.

— реклама —

Дариј Крајчич им кажал на медиумите дека бил изнервиран од тоа што „го третирале како воздух“ и затоа решил да го стави на тест обезбедувањето на супермаркетот. Кражбата поминала незабележано, но членот на владејачката партија Листата на Марјан Шарец (ЛМС) подоцна се вратил и го платил сендвичот. Крајчич се извини за својот, како што го нарече, „социјален експеримент“.

— реклама —

Мислам дека стоев три минути без некој да ме послужи. Тројца вработени си зборуваа меѓусебе, па решив да го тестирам нивното внимание. Никој не тргна по мене, ниту ми свика, изјави поранешниот професор.

— реклама —

 

Неговите колеги прво со смеење ја примиле приказната, за потоа неговата акција да биде осудена од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања