„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Со 230 милиони евра од Светска банка ќе ги развива општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
nova_vlada_g111

Владата со помош на светска банка има обезбедно  повеќе од 230 милиони евра за развој на општините кој ќе го продолжи процесот на децентрализација. Во првиот квартал од 2019 планирани се средства за изградба на регионални и локални патишта, водовод, канализација, регионални депонии и детски градинки. Ова го истакна премиерот Заев на националанта конференција за децентрализација на која учествуваа речиси сите министри и градоначалници. Првиот чекор кон откочување на процесот на децентрализација според Заев е  направен со еднократната помош од 50 милиони евра кои Владата им ги даде на задолжените општини. Задача на оштините рече Заев е да се пријават со добри проекти за локален развој.

- Ако средината на годината видиме дека е зголемена капацитетност на општини ние планираме да им ги препуштиме центри за социјални работи здравни домови домови на културата одредени дејности од јавните претпријатија како што се изведба на патишта на системи за наводнувања . Но очекуваме и од општината да ја подобрат својата наплата на данокот на имот ,Да покажат паралелно капацитетност.  Извршната власт е подготвена да се развластува и да предава свој дел на надлежности за пиоуспешно да г зивршува испорачивањето на услугите према граѓаните, изјави Зоран Заев.

— реклама —

Шефот на мисијата на ОБСЕ порача дека мора да се дефинираат одговорностите на локалните власти.  Според претседателот на ЗЕЛС пак жално е што до сега поради долгови, општините не можеле да одговорат на секојдневните барања на граѓаните.

— реклама —

ЗЕЛС бара поголемо зафаќање на ДДВ наместо сегашните 4,5 проценти да биде 10 отсто, од персоналниот данок  50 отсто по примерот на поголемиот број земји од регионот и Европа, како и обезбедување адекватни финансиски средства за сите блок дотации. Втората тематика на овој процес според премиерот Заев  е како до рамномерен регионален развој бидејќи руралните општини во моментот кубурат и многу малку можат да ги развиваат своите места

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања