Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Mејлови на Епштајн: мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryttc9ace0ged61rfS82U

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн.

Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија.

„Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци — некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци — уредно складирани во замрзнувачи на -112°F. Малата балканска земја Македонија ги придонесува најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји, за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, се наведува во мејлот, испратен до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано.

Станува збор за информативна електронска порака во која, според содржината, му се презентира истражувачкиот проект и неговата научна позадина, најверојатно со цел да се побуди интерес за можна инвестиција во компанија која би го комерцијализирала потенцијалниот лек. Мејлот е комбиниран со објава и анализа од „Блумберг“, што дополнително укажува на обидот проектот да се прикаже како сериозна научна и бизнис-можност.

Иако во пораката не се наведуваат имиња на институции или поединци од Македонија, самото споменување на земјата во ваков контекст отвора сериозни прашања за начинот на прибирање, користење и изнесување на човечки биолошки материјал, како и за етичките и правните аспекти на ваквите истражувања.

— реклама —

Целиот меил, објавен од страна на Департментот за правда на САД

— реклама —

Превземи PDF.


— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytgeirvicmu1v9hOIn1g

Поранешен директор во „Мајкрософт“ му пишувал на Епштајн дека сопругата и ќерката на Путин биле на неговата јахта

Свет | пред 1 месец

media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Свет | пред 1 месец

1680676725_Tramp-5-696x464

Конгресот кон обелоденување на досиејата за Епштајн: Трамп ја промени позицијата и даде зелено светло

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања