Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сопственикот на барот во Кран-Монтана, каде што загинаа 40 лица, пуштен од притвор со кауција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8d73jmvenr3i7DKssoD

Сопственикот на барот „Констелацион“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, Жак Морети, каде што во новогодишната ноќ избувна смртоносен пожар во кој загинаа 40, а беа повредени 116 лица, е пуштен од притвор во градот Сион.

— реклама —

Морети е пуштен на слобода откако платил кауција во износ од 200.000 швајцарски франци, односно околу 215.000 евра.

— реклама —

Тој се наоѓал во притвор од 9 јануари 2026 година, но со плаќањето на кауцијата му било овозможено условно пуштање на слобода, пренесуваат француските медиуми.

— реклама —

Истражниот суд на кантонот Вале одреди Морети да биде под „алтернативни мерки“ со цел да се спречи негово евентуално бегство. Исто така забрането е да ја напушта територијата на Швајцарија и должен е на Јавното обвинителство да им ги предаде сите лични документи и документите за престој.

Голем број од жртвите и нивните семејства ја изразија својата огорченост поради одлуката на швајцарскиот суд, оценувајќи ја како „вистинска измама“.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика Морети и натаму се предмет на кривична истрага за „убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryktaj5lofkj4gbBrO0EH

(Видео) Едно лице загина при пад на гондола во Швајцарија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryppi41hr9rrka5VesSE1

(Фото) Швајцарскиот франк го менува изгледот

Свет | пред 2 седмици

media-library25hvd4ct36m72wTR9mK

(Видео) Трагедија во Швајцарија: Неколку лица загинаа во пожар во автобус, лице се полило со бензин и се запалило внатре

Свет | пред 2 седмици

media-libraryocu304qdsv9p1jq2aEX

Швајцарија ќе им исплати отштета од 50.000 швајцарски франци на жртвите од пожарот во Кран-Монтана

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања