Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, му одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ Западен Балкан заеднички да се приклучи кон Европската унија. Иако ја поддржа идејата за заедничка европска перспектива, Спајиќ порача дека Црна Гора очекува да биде подготвена за членство веќе во 2028 година.

На социјалната мрежа Икс, Спајиќ напиша: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“.

— реклама —

Изјавата следи по настапот на Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот Белтолкс во Белград, каде српскиот претседател образложи дека најдобрата опција за Унијата е истовремено членство на сите земји од регионот.

— реклама —

„Ако прифатите една, две или три од нас, тогаш што ќе правиме со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ, најавувајќи дека идејата ќе ја изложи пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Според Вучиќ, заедничкиот прием би бил од придонес за стабилноста и на регионот и на Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk3mc3russklic707Jec

Уапсен осомничениот за тројното убиство во Подгорица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk3mc3russklic707Jec

Тројно убиство во Подгорица: полицијата трага по млад маж од Рожаје

Свет | пред 1 ден

media-libraryr9fhtfe9p4q79naGQd4

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

crna-gora-policija

Трагедија во студентски дом во Црна Гора: Студент падна од четврти спрат и почина

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања