Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шпанија стави забрана: Американско оружје за Израел нема да минува низ Рота и Морон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryakvvrnsoacj972jeYn5

Шпанија воведе забрана за користење на воените бази Рота (Кадиз) и Морон де ла Фронтера (Севиља) за американски авиони и бродови натоварени со оружје, муниција и воена опрема наменета за Израел.

Забраната важи и за летови што одат директно во Израел и за оние со меѓуслетување во други земји, доколку конечната дестинација е Израел.

— реклама —

Рота и Морон се шпански суверени бази, под команда на шпански воен офицер, и сè што таму се случува мора да биде одобрено од шпанските власти, изјави извор за El País.

Иако постои можност дел од оружјето да стигне до Израел преку заобиколни патишта, властите предупредуваат дека секое сокривање на товарот би било контрапродуктивно и би можело да го наруши односите меѓу Мадрид и Вашингтон.

— реклама —

Шпанската влада, која има коалициски левичарски партнери со силни антивоени ставови, јасно дала до знаење дека не сака американските летала или бродови натоварени со оружје за Израел да користат шпански бази или воздушен простор, освен во итни случаи.

Сепак, американските авиони имаат право на слободен транзит преку меѓународниот воздушен простор и тоа право веќе е искористено при испорака на повеќе израелски борбени авиони F-35, кои преку Азорите и Гибралтар стигнале до Израел.

Овој потег на Мадрид доаѓа во време кога Шпанија воведе повеќе мерки за притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Стејт департментот на САД изрази загриженост дека тие мерки би можеле да ги ограничат американските операции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 18 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 19 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања