Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун вредни 384 илјади денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjqqctkb48o2saL4Az5h

Царински службеници на ГП Блаце спречија криумчарење 120 кг тутун за наргиле (480 пакувања), вреден 384.000 денари, наменет за продажба во Македонија. Тутунот бил скриен во багажникот, во просторот за резервна гума и под прекривка, а лицето изјавило дека нема што да пријави. Против Ф.Б. е поднесена кривична пријава за „криумчарење“. Со случајот е спречена нелегална трговија со избегнати давачки од 744.000 денари (342.000 акциза). Од почетокот на годината откриени се четири вакви случаи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, службениците извршиле детална контрола, при што биле пронајдени непријавените тутунски производи.

Од почетокот на годината, Царинската управа откри четири случаи на кривични дела поврзани со криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи“, информираа од Царинската управа.

— реклама —
media-library6umt0djvo1vfdDtIX1K

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Пад на Шваке системот: ЦУ воведува нов начин за царинење половни автомобили

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvn2d80ca2nuif8vxUE0

Царината спречи четири обиди за криумчарење злато за две недели

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl1b8moaak8nr1lPiJX3

Турчин фатен при обид за шверц на 116 забни импланти на Скопскиот аеродром

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynaqp45tat6dn7IDgDST

Спречено криумчарење: Царина Богородица заплени златен накит вреден 581.900 денари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања